Лара, Јован и Ирина ја имаа својата прва проба на сцената на Детска Евровизија. Погледнете како ќе изгледаат костимите на нашите претставници и каква ќе биде сцената.
„За филмот „Кајмак“ има те пофалби, те критики, но зар не ви е посебно драго што за првпат по подолго време во нашето општество, токму уметничко дело (во случајов филм) е центар на дискусии, а не политиката или кој украл или уништил повеќе? Да си ја вратиме уметноста во нашето секојдневие!“, е дел од моќниот статус на нашиот пијанист Дино Имери.
Сега учениците нема шанси да не запомнат дека свидителство, тромесечие и фрекфенција не се точни зборови, а и добро ќе ги запомнат и народните поговорки како „Без мака нема наука“. Сакаме креативни и посветени наставници, секоја чест за потегот!
До мене седеше цело семејство, мајка, татко, синче и ќерка, од најстаро до најмладо пееја во еден глас. На моменти не можеа да се воздржат, па стануваа и танцуваа. Буквално музика за сите генерации. Луѓе на сите страни снимаа, сакаа да го овековечат мигот, но тоа што таму се случуваше, таа неверојатна бура од енергија не може да биде доловена на ниту едно видео и на ниту една фотографија... Ви благодарам ДНК од срце што нè потсетивте како се сака македонската музика.“
Изминативе денови ги одбележи спектакуларниот концерт на ДНК, каде публиката пееше во еден глас на хитовите на Панчо и Андреј, а Тамара Тодевска како гостинка се појави пофит од кога било. Стилистот Арменд Рамадани објави фотографија со Раде Врчаковски Врчак, некогашен македонски пејач за која публиката постојано испраќа апели „Врати се Врчак“ на сцената.
Сефер Цаноски се огласи на својот Фејсбук профил по повод смртта на македонската инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа, за која тој вели дека била вистински амбасадор на нашата држава.
Танзанискиот музичар Оми Димпоз денес (04.12) ја сподели тажната вест за смртта на нашата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа која долго време живее на релација Африка – Македонија, а Танзанија ѝ била дом цела деценија.
Од нивните препознатливи статуи, но сега со новогодишни шапки до елка, сијалички и висечки лампиони, почувствувајте ја празничната магија во „Angels Cafe“...
Млад и шармантен дечко од САД не само што научи да пее на македонски јазик, туку го натера и неговиот татко да го стори тоа. Ќе бидете воодушевени од неговата харизма при изведбата на наша детска песна... Moжеби се сеќавате кога лани се прослави со изведбите на нашите „Јовано Јованке“, „Црно и бело“?
Од фустанот и маникирот до паното на влезот со балони, Агнеса Органџиева секој детаљ на својот роденден одлучи да ѝ биде црно-сребрен. Таа наздрави со шампањ со гостите, а на нејзината забава присуствуваше и водителката Марјана Станојковска.
„Роденденот немаше посебна тема, веројатно е хибрид спој од одредени нешта кои што периодов ме инспирираат. Целиот простор го украсив со цвеќиња и свеќи, замислата ми беше - интимен роденден со најблискиот круг на луѓе, мала вечера од различни мезиња...“, споделува Аника Иловска од Скопје за CRNOBELO.com.
„Јас сум единствениот 60-годишник во Македонија што јавно ја искажува љубовтa кон саканата, мислам дека со тоа ги освоив организаторите и ја добив наградата Маж на годината од организаторите“, изјави Игор Џамбазов и додаде: „Ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“
Ирена Спировска носеше впечатлива креација со бисери, Миа Костова носеше црн макси фустан со длабоко деколте, а поим за елеганција беше моделот Ангелина Китановска... Симон Трпчески ја освои наградата Маж на годината, а ушите и душите ни ги милуваа Павле Камилоски и тенорот Влатко Груевски.
Локал во Гостивар со урбан, индустриски стил, многу зеленило, внимателно одбрани и впечатливи детали. Наше, а светско, зарем не?
„За да ја исполнам желбата на моите дечиња, секое од нив да има своја соба, веќе со години спијам на земја во собата за дневен престој. Исто како што Самураите со векови спиеле на под. Навечер намести, наутро раскрени. И после, кога ќе слушнам некој се жали дека „не планирале второ дете“, бидејќи ќе морале со жената да спијат во дневна, ми доаѓа смешно…“, гласи дел од објавата на Игор Довезенски, учител за боречки вештини.
Во домот на Викторија Лоба и нејзиниот сопруг Ѓорѓи секогаш е весело и разиграно, благодарение на нивните миленици Маша и Дуња, па така беше и додека Лоба ја китеше својата новогодишна природна елка. Ја накитивте ли вие вашата?
Утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван проф. Д-р Јовица Угриновски – известија од Неуромедика.
„Денот на операцијата ни продолжи во ноќ, ноќта си дочека ден, а ние сè уште работевме како да е само неколку часа. А било многу подолго. За некои беше само обичен „black friday“, а за нас најсветлиот што може. Оние 3 минути клема ме чинат сигурно 3 години од животот. Но вредеше...“, споделува Вики Котевска, која објави и фотографии од операционата сала.