И 16-годишната Мања и 21-годишната Ања се вистински убавици. Александар на едната ќерка ѝ го прослави роденденот на крајот од ноември, а на другата на почетокот од декември. Ања наполни 21 година.
„Во Македонија нема Убер“ е еден од заклучоците на Дида Фара. „Посетата на Скопје ми даде поразлично чувство од кој било друг град што сум го посетила на Балканот...“, раскажува таа.
„Мој соученик во исто одделение во основното школо Владимир Илич Ленин (Гоце Делчев) во центар. На еден час по Македонски јазик седевме заедно и добивме училишна задача да напишеме расказ. Славиша со темпераментен дух заинтересирано духовито...“, ја почнува емотивната приказна Гаро Тавитијан за прерано починатиот Славиша Кајевски.
Од Весна Петрушевска и Јелена Јованова до нашата Министерка за култура, веста за смртта на актерот Славиша Кајевски ги потресе сите. „Ама зошто бе Славиша, зоштооо? Нека ти е светол патот“, напиша Јелена Јованова.
„Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Нè остави збунети, во болка и во неверување! Нè остави во длабока тага!“, пишуваат од Македонскиот народен театар.
„Охриѓанка силувана од својот партнер“ - „Како може да е силувана од партнер?“, „Велешанка претепана и силувана“ - „Биди поштена, никој не те тепа“, вака и уште посурово се коментира под објавите за силувања во Македонија. Крајно згрозувачки, за секоја осуда! Како може некој да размислува вака?
Вчера (30.11) голем дел од Македонија се претвори сцена во зимска бајка... Ве дочека ли некаде снег и вас?
„Командир на најдобриот вод во нашата Армија, е поручник Неда Волчева. Со 27 години, двапати по ред е прогласена за командир на најдобар вод, како една од ретките жени офицерки во нашата Армија...“
Ова место има душа, има посебен шарм, зрачи со некоја магија, а сега обоен во бело е вистинска сцена од зимска бајка. Го посетувате ли често Бигорскиот манастир?
Со срце од балони и многу рози на сплав во комплексот на манастирот Свети Наум во Охрид, Павлина и Мартин ја крунисаа со прстен љубовта која трае веќе една деценија.
Пејачката Лина Пејовска се дружеше со Ѓорѓе Давид, Стефан од Некст Тајм уживаше во Виена, а пак Елена Ристеска со совршен моден избор на фестивал во Црна Гора. Владо Јаневски доби роденденско изненадување...
Кој ви е омилен лик од серијата Преспав? Кој ве смее најслатко? Уште колку дена броиме до дружбата со фамозните Преспавци?
„Кога сцена од филм ќе стане реалност... Кирил е сѐ што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!“, вели фитнес тренерот Ана Стојанова за својот сакан по запросувањето.
Марија Бунда Калпак е наша докторка која храбро говореше за борбата со ракот, а сега повторно ги охрабрува девојките дека не се сами објавувајќи фотографија од себе веднаш по лапароскопската операција на јајниците.
„Па, кај сте бе дечки бе!!! Оваа година средена ко увек, расположена ко увек, синдикалка још поише у душа, со 100 работни места за иста плата – ништо ново за државава!“, се огласи рецепционерката Јелена од Драчево на Фејсбук и го покажа својот нов имиџ, заедно со останатите наши омилени Преспавци.
Денес „мириса“ на зима, зарем не? Падна снег на Попова Шапка, Маврово и Пониква... Вистинска зимска идила на крајот од ноември.
Александар Митевски има две ќерки убавици и секогаш истакнува колку е горд на своите наследнички Ања и Мања.
„Дали сме доволно добри? Дали доволно љубиме? Тажно е што само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот и брзо продолжуваме по старо...“, гласи виралниот статус кој кружи кај нас на социјалните мрежи.