„Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде што одат локалци. Ах, и ние ли треба да се соблечеме боси...?“, коментираат Јелена и Марис на Инстаграм, додека доловуваат како изгледа место каде излегуваат локалци во Египет.
„Доколку патувате во некоја од државите на листата или познавате некој што би патувал, ќе ве замолам доколку сте во можност, да ми обезбедите некоја од банкнотите што ми недостигаат“, вели Спасе Манев од Скопје.
„Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме така, инаку годината е 2026, Македонија).. Таа има само пет месеци, а мама ја држи во раце и тивко ѝ зборува, си игра со неа и ѝ се смее. Станот е старовремски – дрвен мебел, чипкани милјеа, пожолтени фотографии и радио што тивко свири некоја стара мелодија. Мириса на кафе и на спомени“, емотивно вели Христијан Маџовски од Куманово.
„Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Селењето во друга држава не е само промена на адреса. Тоа е збогум што трае подолго отколку што очекуваше и мислеше. Носталгија што се појавува во најнеочекувани секојдневни моменти“, вели психологот Бојана Стојменовиќ и ги посочува 10-те најголеми маки на нашите иселеници.
Ирина блеска во друштво на своите сакани, а малата Лена спие во нејзина прегратка додека се возат на жичница. Додека Јосиф од соседната страна е во рацете на тато.
Мартија објави неколку провокативни фотки на Инстаграм, а впечатлива е и обетката во форма на крст, во стилот на оние што ги носеше Мадона на врвот на популарноста и кои беа нејзин заштитен знак.
„Среќен роденден снегулке! Парчето што ни фалеше во нашата сложувалка за сè да има смисла... Те сакаме најмногу, сега си голема и те молиме од денес да спиеме конечно сите нормално“, шеговито ѝ честиташе роденден Христина Пан на најмалата ќерка.
„Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрзнатото езеро во Сент Мориц. Тука се собира светскиот џет сет, бизнисмени, колекционери. Сите носат скапи бунди, луксузни чанти, се шетаат со своите кучиња...“, раскажа за гламурозното патување во Швајцарија Марјан Петров, за CRNOBELO.com.
Викторија Јаначковиќ ѝ прослави трет роденден на ќерката Никита, Јелена Спенџарска е на одмор во Египет со инфлуенсерката и најдобра другарка Марис, а на егзотична дестинација е и Марио од 2Бона со сопругата Исидора. Од Малдиви неодамна се врати и Сузана Гавазова со сопругот и двете деца.
„Бременост, царски, 35 кила плус“ - напиша Миа која направи операција за отстранување вишок кожа и отстранување масно ткиво, па покажа како кожа ѝ виси околу стомакот и покрај тоа што вежба и многу внимава на исхраната.
Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со Лука, кој повеќе од 2 години беше дел од нејзиното и од секојдневието на нејзините деца. Сега, таа замина на зимување на Копаоник сама со Хана и Дарен.
Бела торта со крстови, ангелски крилја и неговиот препознатлив потпис, но и мафини со музички ноти и мини торта со свеќички со број 45, годините што ќе ги наполнеше денес Тоше Проески, ако не го загубеше трагично животот на 26...
„Малото братче на Риан се роди денес и отсега ќе нè гледа и чува од рајот... Планот на Господ бил уште едно бебенце да испратиме во рајот“ – напишаа Александра Шијакоска и сопругот Едмонд во емотивни објави.
„Велат дека со 25 години започнува ново поглавје, па ајде тогаш нека биде најдоброто“, вели Антониа Гиговска, па дуваше свеќи и со својот син Киан (2), а за него вели „Мојот најубав подарок“.
Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ретроградност во усогласување со постојната законска регулатива), загрозување на индустријата, удар врз малите и средни бизниси, како и поттикнување на нелегалната трговија.
„Да. Можат. Без жителство, без посебни дозволи и без никакви забрани. Само треба да се знае како оди процесот и кои се реалните трошоци, затоа што тука најчесто се прават грешките. Еве кратко објаснување што ти треба за да купиш...“, вели Кирил Колемишевски, кој веќе речиси 5 години живее во Канада и се занимава со бизнисот на недвижнини.
Роберт Спасенцовски ја запроси Антониа во 2023-та година, кога го добија нивниот син Киан, но сега ѝ приреди изненадување и ја запроси одново во еден скопски локал со блескав прстен, многу срциња и балони додека таа го славеше 25-иот роденден.
„Бог е дефинитивно темата на која најмногу се задржавме во нашите разговори и тема која нè сплоти и спои. Веднаш знаев дека Кристијан е вистинскиот“, вели Ивона Јо, која сега со саканиот ужива на снежната Попова Шапка.