„Нозе ќе искршите, данок да не платите...“, му порача Миа Костова шеговито во коментар на синот на Тони Михајловски, откако тој се обрати на тема данок за инфлуенсери до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Во бело монокини покрај базен, Мери со саканиот ужива во бањата сместена во јужна Србија, во општина Куршумлија. Бодибилдерката ужива во бременоста.
„Кадата со цвеќе мене ако не прашувате никогаш повторно не би отишла, а чини 50 евра, без масажа. Инаку, храната на Бали е многу евтина, само алкохолот е скап. Лулашката со изнајмување на фустан чини 35, а ако сакате плус фотографии и видеа уште 25 евра“, вели Маја Кикириткова и споделува искуства од Бали, каде беше со сопругот и двете деца.
Лила Филиповска позира со мајка си и емотивно вели: „Таа е од оние мајки кога ќе го споменеме нејзиното име треба да застанеме. Понекогаш не е сигурна кои сме ние, но најважно е што ние знаеме која е таа“. Давид Темелков им пее на дечиња со посебни потреби и топи срца. Tон емоции, тон љубов... Само Тоше Проески го можеше ова, а сега и Давид - буквално му зрачи љубов од очите.
Талентираната Тина Русева од Македонија победи на The Voice of Europe, откако кон крајот на минатата година „растури“ на The Voice of Germany.
„Гледам по Инстаграмов 2026-та била новата 2016-та… Па, според сликиве што ги ископав - воопшто не би ми сметало“, напиша Каролина и објави фотки направени пред една деценија, а кои никогаш претходно не ги споделила.
„Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрзнаа. Прстите скоро и да не ми функционираат, на мобилниот ми се појавува црн екран скоро цело време. Добре дојдов во ледениот град во Харбин на -30°С“, напиша Стефан и ги покажа малите мразулци на неговите трепки.
„Активностите на Роџер почнуваат во 8 часот наутро во дневната болница, неколкупати дневно има долги прошетки со вработените или со пациентите - доброволци. Лабрадорите брзо учат, лесно следат команди и прифаќаат допири, галење и близина без да покажат вознемиреност“, велат од Клиниката.
„Сакам Македонка жена, не сакам од Фрајбург. Инаку, оваа година бев тука само 2 дена. Замислете од 365 дена“, вели Финн Ваттчов, на кој Македонија му е дом веќе неколку години.
Фолк-пејачката Сузана Гавазова побегна од студот кај нас, а како дестинација со сопругот и децата ги одбраа Малдиви.
„Одев често на психијатар посебно во процесот на развод поради детето, поради пристапот кон него, бидејќи синот мој имаше 8-9 години тогаш, беше силно развиено дете и одев за да знам што да очекувам, што да направам, како да возвратам, како да разговарам со него“ - вели Брејк во својата исповед.
„Те чекаме принцезичке“ - напиша на Инстаграм саканата на Мандар, кој во јавноста освен по Јутјуб видеата, е познат и како најдобриот другар на Стефан Лазаров.
„Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фудбал на плажа со неколку дечиња.
„Толку мала, а голема. Упорна, борец мој. Бељаџика на мама. Куклица моја малечка. Леночка моја. Среќен прв роденден мајкино, те сакаме до небото“, напиша Ирина Камилоска во роденденското видео што го направи за ќерката.
„Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нахрани, утеши, прегрна, смири, насмеа… ти направи повеќе отколку што мислиш. Не секој ден мора да изгледа продуктивно. Некои денови се само за преживување - и тоа е доволно“ - пишува Ангела, која сака да испрати порака со поддршка до сите мајки.
Според обичаите во еден дел од Македонија, на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, а некаде се практикува и палење оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.
Неговата сакана Марија Дурљанова со синовите на Дејан, од бракот со Сања Ристиќ, му приреди изненадување на поранешниот ракометар со роденденска торта и капчиња.