Во домашна атмосфера, елегантна во свој стил, модната инфлуенсерка Александра Весели Шијакоска, го прослави Курбан Бајрам со сопругот Едмонд Весели и семејството.
„Денес сите жени се обидуваат да изгледаат многу убаво. И секако, се „унаказуваат“ попатно. Каква глупост. Додаваш тука, додаваш таму, додаваш тука. И тебе веќе те нема никаде“, вели Маја Оџаклиевска.
Со извајано тело и продорни сини очи, италијанскиот заводник Симоне Сузина важи за еден од најубавите мажи во светот. Цеца со насмевка на лицето ужива во вечера со вино во Белград. А дружба со него имаше и нашиот фотограф Стефан Соколовски, познат како Badstef.
„Кој се сетил на ова секоја чест“ / „Браво, поубаво нешто немам видено“ – коментираат на видеото од скопско основно училиште, на кое полуматуранти излегуваат и се поздравуваат со првачињата кои влегуваат во училиштето, правејќи смена на генерации, а оттаму напишаа: „Кругот на животот“.
„Ноќта ја поминавме во дворот на манастирот, спиејќи под ведро небо, опкружени со неверојатен мир. Утрото се случи нешто многу симболично – баш на нашето ќебе слета јато од пет-шест гулаби. Филип го планирал ова 1 месец, но сакал најпрво да земе благослов од светецот, па дури потоа да ме запроси“ - раскажува за CRNOBELO.com Симона од Битола.
Готвачот Марк де Јонг, познат како Шеф Марк, со сопругата во Грција, Kaтарина Ивановска во впечатлива креација, Коки Јанков емотивно ѝ честиташе 17-ти роденден на ќерката...
„Пред некој ден, кога си одевме од Лазарополе и после Меривичина краста, свекрва ми свика: ‘Мечката’, јас онемев, мислев веќе заминала и пак не ја видов, ама тука беше како што можете да видите на фотографијата“, вели Сара од Битола, томпалевска снаа во Лазарополе, за CRNOBELO.com.
„Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам проблем од време на време со кочење на одредени делови од телото. 20-тина дена ни збор не кажав. Моментално се соочувам со некои други проблеми, што ми се можеби психички, некои проблеми со нервите...“ - вели искрено Иван Јованов.
Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека
„Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две агресивни црни кучиња (ротвајлери). Доживеавме вистински хорор... Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон“, вели потресено Лени Анѓелкоска Здравеска и бара правда.
Ваква младина сакаме! И горди сме на секој првенец на генерација во Македонија. Тие се пример за другите, тие се пример кои вредности треба да се следат и како треба да се учи со страст да се биде најдобар. Горди сме на Ангела од СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“!
„Полека животот продолжува, како сè да е нормално, ама одеднаш ќе дојде една ужасна тага, тага по сè што било убаво, добро и нежно, но и по сè што било неубаво, страшно и мачно“, емотивно вели кореографката Гордана Деан Поп Христова, која накратко ја посети Македонија, по смртта на Кили.
Љупка Митрова со впечатливи аутфити во Париз ужива во луксуз... Со сопругот повљубени од кога било на првата годишнина од брак.
„За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Катерина. Ама, бидејќи сум се родил машко - прво требало да бидам Марко“, вели пејачот Иван Јованов. Какви приказни ни раскажаа познатите Македонци за своите имиња?
„За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде посебно и незаборавно. Ивана знаеше само дека одиме на крстарење низ Италија, Шпанија и Франција“, ја започнува приказната за запросувањето Марио Петровски од Куманово.
„Ма, да те плеснам еднаш по г*, ќе искочи бебево од стомак. Ама си се надувала, ти близнаци носиш“, добила коментар на Инстаграм сопругата на јутјуберот Мандар. Се пожали јавно и откри која нејзина фотографија била причината за тоа сега, во 32-рата недела од бременоста. На темата зборуваше и Јована Аврамовска која застана во одбрана на сите бремени жени, инспирирана од Емилија Мицевска, актерката која настапи со гол труднички стомак на „Глумците пеат“.
„Замина првенец на Македонската опера заедно со својот син во страшната сообраќајна несреќа синоќа... Искрено сочувство до семејството, блиските и сите колеги... Нека почиваат во мир, Царство небесно...“, пишува Мариани Џовани по страшната трагедија, во која изгубивме 4 наши сограѓани.
Со бордо костум и црна кошула, Лука Антиќ блеска на својата матурска прослава. Перо Антиќ и Ружица Максимовска горди на најстариот син.