Буква К - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Кавга


Со пријател: некој ќе ви нанесе тешка болка, неприлики на работа, проблеми, грижи; расправија во бракот: семејна среќа, ново пријателство; со личност од спротивниот пол: ќе се заљубите; ако гледате расправија: озборување; расправија меѓу жени: ќе сторите несфатлива грешка.

Када

Полна со вода: имате соперник во љубовта; празна: вие сте газда во куќата; ако се бањате во када: се подготвувате да извршите неверство.

Казна

Ако казните некого во сон значи дека совеста не ви е мирна.

Кајгана

Ако правите кајгана: мирен живот; ако јадете: сте станале сомнителни на околината.

Кајмак

Кајмак во сон значи дека ви претстои успешно деловно патување на јаве.

Кајсија

Ако сонувате кајсии значи дека ве очекува благосостојба, задоволство.

Кајче

Набљудување: долг пат; празен: не донесувајте избрзани одлуки; полн: ќе ги надмудрите непријателите.

Кактус

Ако видите кактус во сон предупредува на штета поради невнимание.

Кал

Гледање: борба за опстанок, болест, срам, озборување, малодушност.

Календар

Календар во сонот ви се заканува дека ќе изгубите пријател.

Калинка

Јадење: ќе ви се допадне некоја убава личност, можни интимни односи со неа и врска. Гледање: ве очекува интересно познанство.

Калуѓер

Ви претстои тага. 

Калуѓерка

Ве очекува несреќна љубов. 

Камбана

Предзнак дека ве очекува радост. 

Каменолом

Ако видите: ќе се стекнете со имот, зголемување на имотот; ако работите на каменолом: нема да бидете доволно наградени за вашиот труд, расправа со претпоставениот.

Камила

Едногрба: животот не ви е исполнет со радости; двогрба: наскоро ќе имате тешки часови; ако јавате: ве очекува некоја промена на подобро во домот, важни вести.

Камилица

Ако берете, купувате: болест во домот, ако пиете: оздравување, подобрување.

Камин

Со оган: ќе добиете добра работа, пофалба на работа; без оган: работата ви е многу несигурна.

Камп

Ако го видите: ќе имате пријатни моменти; ако сте во него: немир, несигурност.

Камшикување

Кога некој ве камшикува, тоа значи дека ви претстои голем деловен успех, здравје.

Канаринец

Ако го слушнете како пее: ќе го проширите кругот на пријатели; ако го видите: ви подготвуваат стапица, некој ве озборува.

Кандило

Ако видите кандило во сонот ви се заканува болест, а доколку палите кандило значи дека ви претстојат пријатни часови.

Кантар

Ако сонувате кантар тоа претставува предупредување дека ви претстои болест на јаве.

Канцеларија

Ако видите канцеларија во сон значи дека ќе ве притиснат грижи.

Капа

Ако видите капа: мала добивка; ако изгубите: некој ви е верен; ако најдете: неочекувана средба.

Капар

Ако дадете капар во сонот предупредува да не се изложувате на ризик на јаве.

Капела

Ако сонувате капела значи дека ќе најдете искрен пријател, патување.

Капија

Затворена: малку поголема одлучност при дејствување, не се радуваат на вашата посета; отворена: животот ви влегува во посреќни води; ако отворите на сила: на сила ќе стигнете до успех.

Капини

Ако видите: ќе се најдете во сиромаштија; ако берете: некој ве сака многу; ако јадете: ќе добиете непријатен брачен партнер; ако купувате капини: ве очекуваат ситни непријатности и кавги.

Капут

Ако видите капут во сонот значи дека ве очекуваат грижи, загуба, сиромаштија.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg