Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Саат будилник |
Ако видите саат будилник во сон значи задоволство, а ако го слушнете како ѕвони ве предупредува да бидете внимателни. |
| Сабја | Ако на сон видите сабја, тоа значи успех во работата. |
| Сабота | Не започнувајте нова работа, направете повеќе време за вашето семејство и решете ги насобраните проблеми. |
| Садови (кујнски) | Доколку сонувате валкан кујнски прибор предупредува на расправија во куќата. Чистите садови се симбол на мир и хармонија, а нивното кршење предупредува на низа непријатности. |
| Саем | За невенчани парови, овој сон означува дека во блиска иднина ги очекува свадба, а за оние кои се во брак, истиот значи непријатно друштво. |
| Сако | Имате потреба да се заштитите од надворешниот свет и да ја покажете својата моќ и авторитет. |
| Саксија | Наскоро ќе доживеете нешто што ќе ви донесе среќа и исполнетост. |
| Саксофон | Ќе бидете надмудрени. |
| Салама | Ако видите салама во сон значи несреќи на патот, а јадењето салама предупредува на расправија со драга личност. |
| Салата | Ако видите салата во сон симболизира залудни надежи, љубовни искушенија, додека јадењето салата предупредува на полесна болест. |
| Салфета | Ќе се справите со проблем со кој не сте очекувале дека можете да излезете на крај. |
| Самовила | Ако видите самовила во сон значи дека наскоро ќе имате веридба, среќа, необично искуство, можна венчавка. |
| Самоубиство | Ако видите самоубиство значи дека ќе се најдете во непријатна ситуација, а ако се случи тоа, тоа значи дека злото ќе ве обземе по ваша вина. |
| Сандак | Полн сандак значи дека некој ќе ви каже тајна, празниот е симбол на кавга, грижа, а носење сандак во сон значи привремени тешкотии. |
| Сандали | Сонувањето сандали претставува несигурност кога имате намера да постигнете некоја од вашите цели. |
| Санка | Ако видите санки во сонот предупредува на непријатно изненадување, измама, проблеми, грижи кои ќе ви се случат на јаве. |
| Сапун | Ако сонувате сапун значи дека ако ја избегнете стапицата, ќе доживеете успех. |
| Сапуница | Сапуница на сон е знак за односите со луѓето во вашата околина. |
| Сарма | Ако сонувате дека јадете сарма значи дека ќе живеете долго. |
| Сателит (небесен) | Ќе имате неуспех во комуникацијата со блиските. |
| Сателитска антена | Ќе ви се отворат нови можности за успех во кариерата. |
| Сатен | Сатен на сон може да биде лош знак. |
| Сауна | Време е да почнете да го цените туѓото мислење. |
| Свадба | Ако присуствувате на туѓа венчавка: за слободните лица означува брак, за венчаните брачна кавга или развод; ако ја видите свадбата: пречки во животот, загуба, љубомора; некому: добар знак; ако играте или пеете на свадба: сте привлекле нечие око, радост, веселба. |
| Свадбено патување | Во сон означува среќа која е од краток век. |
| Сведок (сведочење) | Ако сонувате дека сведочите значи да ја докажете својата невиност. |
| Свекор (свекрва) | Ако ги видите во сон значи расправија во куќата. |
| Света вода | Потребно ви е духовно чистење и подмладување. |
| Светилник | Пазете се од непромислени постапки, бидејќи секоја грешка скапо ќе ве чини. |
| Светлина / светло | Среќа, успех во работата. |
