Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Магаре |
Јавање: полека но сигурно одиш кон успехот, трпение-спасение; гледате: ти претстои караница, болест; гледање црно магаре: радост. |
| Магионичар | Ако видите магионичар на сон значи дека ќе ве измами личноста од која најмалку го очекувате тоа. |
| Магла | Густа: болест, влеговте во неволја, тага; ретка: среќа, мала добивка. |
| Мајка | Гледање: ќе чуеш пријатни вести; разговарање со неа: успешен потфат; да ти умре: несреќа, грижи; умрена да ја сонуваш дека е жива: долг живот, напредок. |
| Мајмун | Сонување мајмун предупредува да се чувате од полтрони, болест, измама. |
| Мајонез | Доколку сте сонувале дека јадете мајонез, тоа имплицира дека сте многу гостопримлива личност. |
| Малини | Берење: после тешкотии очекувај благосостојба; јадење: љубовна кавга. |
| Манастир | Одиш кон помирен и посреќен живот; за некои: опкружени сте со лаги. |
| Манго | Манго означува страст кон некоја личност. |
| Мандарина | Јадење мандарини: време е за нов почеток. Гледање во сон: желба за слатки залаци. |
| Манекен / ка | Сонувањето предупредува дека некој те клевети, ја кријат твојата вредност. |
| Мантил | Гледање мантил во сон значи дека те очекува тага, срам, сожалување, измама, штета. |
| Марама | За глава: веселба, патување; стара: озборување; црна: тага во домот. |
| Марамче | Сонување марамче предупредува дека ве очекуваат љубовни кавги. |
| Маргарин | Јадење маргарин во сон предупредува да се чувате од измами. |
| Мармалад | Ако јадете мармалад во сон значи дека ве чека радост, благосостојба, здравје. |
| Маса за фудбал | Ако во сонот видите маса за фудбал тоа значи дека партнерот многу се труди да ви угоди и поради тоа ви станало здодевно во врската. |
| Масажа | Преокупиран си со мали грижи. |
| Маска (маскенбал) | На јаве си неискрен, ги изневеруваш пријателите. |
| Маслинка | Маслиново дрво: среќа, добивка, љубовна авантура; јадење маслинки: непријатни љубовни игри. |
| Масло (зејтин) | Ќе ви се подобри материјалната состојба. |
| Маст | Гледање маст во сон значи дека на јаве ќе имате среќа во љубовта, а јадење маст предупредува на болест во домот. |
| Матарка | Ако сонувате празна матарка тоа ве советува да се откажете од патот; полна е симбол на веселба; ако пиеш од неа ќе заборавиш на тешкотиите. |
| Матичар | За венчани: среќа во брак; за невенчани: љубовни средби. |
| Маќеа | Сонување дека имате маќеа значи дека ве демне неволја, очекувајте кавги. |
| Мачење | На јаве ќе те фатат во прељуба. |
| Мачка | Гледање: измама, кражба, непотребни трошоци; убивање или тепање: имаш еден непријател помалку, неверство; сонување црна мачка: несреќа, опасност; да мјаука: непријатни настани; со мачиња: беда, несреќа; бела: чувај се од ласкавец; да те гребе или гризе: непријатни доживувања; јадење месо од мачка: развод; галење, хранење: добрината ти се враќа со неблагодарност. |
| Маша за оган | Ќе бидеш стројник во реалноста. |
| Машина за шиење | Ако видите машина за шиење тоа означува дека ќе имате напредок во домаќинството. |
| Мед | Цедење: мала загуба, пожар; јадење, засладување: успех во бизнисот; мачкање на леб и јадење: опкружени сте со лоши луѓе. |
