Магаре

Term Main definition
Магаре

Јавање: полека но сигурно одиш кон успехот, трпение-спасение; гледате: ти претстои караница, болест; гледање црно магаре: радост.

Што значи да сонувате магаре?

Ако во сон јавате магаре, тоа укажува дека полека, но сигурно одите кон успехот. Вашето мото е дека „тивка вода брег рони“, поради што не брзате кога донесувате важни одлуки, и секогаш кога нешто ви е нејасно, барате совет од луѓе кои се постручни. Знаете дека ова е потежок пат, но однапред се вооружавте со трпеливост и верувате дека вашето време допрва доаѓа.

Кога во сон ќе видите магаре, тоа подразбира дека ви претстои кавга. Вие сте личност која се труди максимално да избегне конфликти и претпочита сè да претвори во шега. Меѓутоа, ќе се најдете во друштво кое ќе биде повеќе од непријатно, па ќе мора да реагирате и да се заштитите. Ќе сфатите дека на луѓето не може да им се угоди и дека е најдобро да се гледате себеси и своите интереси.

Сонување црно магаре симболизира радост. Можно е да промените многу ставови што ве правеле несреќни во минатото и да барате задоволство во ситниците. Ќе увидите дека многу работи не зависат од вас и дека, колку и да се трудите, нема да ги промените. Ќе започнете да гледате на животот низ розови очила и тие нијанси ќе ви се допаѓаат многу повеќе од претходните.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте јавале магаре, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за магаре

Магарињата се најбројната група копитари од родот на коњи кои имаат издолжени усни школки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg