Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Фабрика |
Ако сонувате фабрика тоа значи дека ќе доживеете успех на работа, неочекувана добивка. |
| Фазан | Фазан на сон значи пријатно изненадување. |
| Факел | Да гледате: признание, успех во акција, среќни настани; да носите: обострана љубов, среќа; кој гори: успех на работа, успех во љубовта; изгасен: неуспех, разочарување, пропаст. |
| Фактура | Ако сонувате фактура е прилично контрадикторен сон. Од една страна зборува за успех, особено ако вие ја напишете или ја дадете, а од друга страна за критика ако некој ви ја даде. |
| Факултет | Сонувањето на факултет често е знак дека имате потреба од промени и дека треба да тргнете напред, да научите нови работи. |
| Фалсификување | Ако фалсификувате нешто во сон тоа значи дека се занимавате со нечесни работи, суд, проблеми со законот. |
| Фарма | Фарма на сон означува пријатно дружење. |
| Фармацевт | Потсвеста ви говори дека премногу труд сте вложиле во нешто што не ви донесува задоволство на емотивен и професионален план. |
| Фасада | Каква фасада гледате, такво е вашето мислење за вас самите. |
| Февруари | Ако на сон сонувате за месец февруари, можете да очекувате пријатно збогатување со активности во животот. |
| Фенер | Фенер предупредува дека соседството ви подготвува нешто против вас, бидете внимателни. |
| Фестивал | Среќа, веселба, прослава. |
| Фијакер | Ако видите фијакер во сонот значи дека ве очекува патување, многу радости. |
| Филм | Ако сонувате дека гледате филм тоа значи дека ќе заминете на патување, додека во друштво предупредува на неверство во љубовта. |
| Флертување | Ве очекува среќа, радост во деновите кои следат. |
| Фотоапарат | Да се сонува фотоапарат е генерално позитивен знак, но и знак дека размислувате за она што се случило во минатото. |
| Фотограф | Ако видите фотограф на сон тоа значи дека ви претстои женидба/мажачка. |
| Фрижидер | Полн фрижидер на сон значи дека треба да бидете поумерени во јадењето и во пиењето, додека празен значи дека залудно си го трошите времето. |
| Фризер | Ако сонувате фризер тоа значи дека ве очекуваат големи издатоци на јаве. |
| Фризерка | Фризерка во сонот означува покана на свеченост, љубомора. |
| Фризерски салон | Кога во сонот ќе видите фризерски салон тоа е порака дека својата креативност треба да ја насочите кон нешто што ќе ви донесе пари, а не само уживање. |
| Фрлање | Како фрлате ѓубре: се уверивте во неискреност на блиска личност; пари: не сте сигурни во себе. |
| Фрлање ѓубре | Се уверивте во неискреност на блиска личност. |
| Фрлање пари | Кога сонувате дека фрлате пари, тоа значи дека не сте сигурни во себе. |
| Фрлање храна | Ако во сон фрлате храна, тоа значи дека се плашите од беда и сиромаштија. |
| Фудбал | Ако гледате спортски натпревар во сонот тоа предупредува дека лековерноста би можела да ви донесе големи неволји; ако учествувате значи дека нема да бидете задоволни со она што го имате. |
| Фудбалер/ка | Доколку во сонот видите фудбалер веројатно ќе остварите успех за кој сите ќе ви честитаат. |
| Фустан | Ако сте убаво облечена во фустан: пријатен и среќен живот; ако облекувате фустан: ново пријателство; шарен фустан: авантура на патување; бел: чест; црн: жална и тажна вест; скапоцено украсен: ќе доживеете среќа и чест; нов: нови љубовни врски; стар: опасност од пожар; искинат: кавга; ако шиете фустан: ќе бидете наградени за вашата работа; ако перете фустан: вашата желба ќе биде исполнета; долен фустан или долна облека: среќа во љубовта. |
