Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Работа |
Ако сте сонувале дека сте на истата работа на која всушност работите во реалниот живот, тоа значи дека неодамна сте завршиле некоја задача со значаен придонес за растот на таа компанија. |
| Работилница / работник | Ако на сон сте во работилница, ве очекува материјално и емоционално издигнување. |
| Работничка облека | Ако сонувате како сте облечени во работничка облека, вашето семејство ќе се гордее со вас. |
| Равенство | Ако не станете поагресивни, вашите шанси за напредок во кариерата ќе се намалуваат од ден на ден. |
| Радар | Ако сонуваш полициски радар, тоа најавува предизвици кои ќе ги совладаш успешно. |
| Радијатор | Соништата со мотив на радијатор обично се однесуваат на некого на кого секогаш можете да се потпрете, на личност покрај која ви е секогаш пријатно и убаво. |
| Радио | Ако во сонот видите изгасено радио, тоа може да симболизира осаменост. Ваквите соништа често ги сонуваат луѓе кои долго време се без емотивен партнер. |
| Радиоактивност/ радијација | Соништата во кои доминира симболот на радиоактивноста обично се поврзуваат со здравствени проблеми со кои се соочувате. |
| Радост | Конечно ќе добиеш заслужено признание; некому: непријатни вести, грижи. |
| Разбој | Ако сте сонувале разбој ве очекува напорна работа. |
| Разбојник | Се наоѓате во опасност за која не сте ни свесни; да се биде водач на банда: недостиг на иницијатива; нападнат од бандит: ќе доживеете страв, проблеми со варењето на храната. |
| Развод | Ако сонувате дека се разведуват ова може да укажува на неуспех или разочарување во личниот или професионалниот живот. |
| Развратничка | Чувајте се од подмолност и злоба, околу вас има нечесна и злобна личност, срам. |
| Разгледница | Ако сонувате дека сте добиле разгледница од блиска личност очекувајте радост поради успех на некој близок. |
| Разговор | Сонувањето разговор секогаш симболизира комуникација – било комуникација со самите себе или проблеми во комуникацијата со некој друг. |
| Разделба | Разделба од некого: ќе жалиш за некого, мало наследство; гледање разделба: ќе имаш финансиски загуби на работа. |
| Размена | Ако разменувате облека или работи во сон, ве очекуваат кавги или расправии. |
| Размислување | Ако во сон многу сте размислувале, тоа значи дека ќе западнете во потешкотии. |
| Разузнавање | Сонувањето дека се занимавате со разузнавање или шпионажа може да означува дека во реалниот живот се трудите да дознаете нешто важно, да ги „прочитате“ намерите на другите или да добиете скриени информации. |
| Рај | Сонување дека сте во рајот означува дека на јаве ќе добиете заштита кога ќе ви затреба. |
| Рајбер | Ако сонувате затворен рајбер - луѓето уживаат во разговорите со вас. |
| Рајска градина | Ако шетате во рајската градина, пазете се од лицемерните пријатели. |
| Рак | Ако сонувате ракчиња, тоа симболизира заминување кон потопли краишта. Можно е наскоро да планирате одмор и да почнете да го плаќате. |
| Рака | Подавање рака: ако сонувате како подавате рака некому, ќе имате потреба од нечија помош. |
| Ракави | Цели ракави во сон симболизираат загуба на коцка; искинати, валкани означуваат добивка; кратки ракави означуваат лутина кон блиските луѓе; долги симболизираат напредок на работа. |
| Ракавици | Гледање нови ракавици во сон значи дека ве очекува пријатно изненадување, додека стари ракавици симболизираат принуда, недостиг. |
| Ракета | Сонување ракета предупредува да бидеш внимателен, противниците се закануваат. |
| Ракија | Печење: успех во домот; пиење: добри и радосни вести; продавање ракија: кавга. |
| Ракови | Фаќањето ракови во сон предупредува дека ќе се уназадите, опкружени сте со лажни пријатели, ве следува расправија, додека јадење ракови означува среќа во сè. |
| Расипан заб | Лоши и расипани заби во сон значат дека ќе доживеете мал неуспех на работа. |
