Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Раскрсница |
Ако гледате крстопат во сон значи дека сте неодлучни, побарајте совет од блиска личност на која ѝ верувате. |
| Раце | Валкани раце во сон предупредуваат дека пријателите ти се неискрени; чисти раце значат дека некој те озборува; миење раце означува крај на твоите грижи; губење на рацете предупредува на смрт на најблиските. |
| Риба | Фаќање со рака: измама, разочарување, лутина; риболов: неуспех во љубовта, љубомора, жал, нови пријатели, неисполнети желби; гледање други како ловат: предавство; мали риби: проблеми во домот; големи риби: ќе претрпиш штета; јадење риба: среќа во коцка. |
| Рибарска мрежа | Гледање: кавга, ситни несогласувања, тешки времиња; гледање дека платат мрежа: внимавај да не те фатат на дело, не се јаде сè што лета. |
| Рибизли | Црните рибизли во сон укажуваат дека некој план нема да ве успее. |
| Риболов | Ако сонувате риболов е предупредување дека се троши време на бескорисни работи, опасност од невнимание. |
| Риболов со бучка | Со прекумерна агресија нема да дојдете целта. |
| Ритче | Стоење на ритче: триумф над противниците, успех; пошумено: некој ти е неверен; рид со дворец-куќа: богатство. |
| Рогови | Гледање рогови во сон предупредува дека ве очекува разочарување во љубовта, измама. |
| Роденден | Славење свој роденден симболизира длабока старост, а туѓ роденден симболизира голема радост и задоволство. |
| Родители | Сонување здрави родители: среќа; болни: проблеми и неволји те чекаат наскоро; сонување дека родителите се мртви: подобрување на материјалните можности. |
| Роднина | Гледање роднина во сон предупредува да не веруваш многу во ветувања. |
| Розова боја | Кога во сон ќе видите розова боја, тоа симболизира секс, страстна желба и скриена страст. |
| Роса | Роза во сон симболизира љубовна среќа, здравје на јаве. |
| Рудар | Гледање рудар во сон предупредува дека ќе слушнете неповолни вести, ви претстои тежок животен период. |
| Рудник | Рудник во сон симболизира венчавање, зголемување на имотот или на семејството. |
| Ружа (роза) | Црвена: искрено сте сакани; жолта: љубомора; бела: ќе добиеш подарок; пупка: несреќна љубов; мирисање ружа: ќе пропуштиш добра прилика; добивање ружа како подарок: верност во љубовта; берење ружа: свадба, веридба. |
| Рузмарин | Гледање рузмарин во сон значи дека околината ќе те цени; ако се китите со него означува жал поради разделба. |
| Румени образи | Доколку на сон ви се црвени образите тоа значи дека на јаве сте се посрамотиле. |
| Ручек | Сонување дека сами ручате симболизира грижи, страв, додека ручање во друштво симболизира изобилство, богатство. |
