Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Убиство


Ако сонувате дека сте убиени во сон, тоа значи дека ве чека штета, болест на јаве.

Украс

Украс на сон е знак за среќа во бракот.

Улица

Ако сонувате дека одите по улица - ова е знак за несреќа.

Уметник

Уметник на сон е добар знак. 

Уметничко лизгање

Ако видите лизгање значи успех, добивка, додека ако лизгате треба да се вардите да не ве насамарат.

Умирање

Ако гледате како некој умира: тага за некој близок; ако умрете: долг живот, среќа на повидок; ако умрете и потоа оживеете: не верувај во празни ветувања; ако мртвиот во сон е жив: желбата ќе ти се исполни; ако слушнеш дека некој умрел: добивка.

Униформа

Ако носите униформа во сон значи дека ќе добиете чест и почит во реалноста.

Ураган

Овој сон може да ја симболизира вашата моќ над другите, завршеток на тешка фаза во вашиот живот, како и страшна болест, борба или излив на емоции.

Уривање

Сонување како нешто се урива предупредува дека тешко ќе успееш поради малодушност; бегство од уривање значи дека неизвесноста во која си западнал ќе биде среќно завршена.

Урина

Предупредува дека на јаве ве очекува загуба, срам, болест.

Урна

Ако видите урна со пепел во сон предупредува дека вашиот познаник ќе умре.

Урнатини

Ако видите урнатини во вашиот сон, тоа значи дека ќе презирате некого

Усни

Бледи: лутина, бес, ќе се разочарате од љубовта; црвени: наскоро ќе милувате некој близок; примамливи: вашите стари желби ќе се остварат.

Успех

Ако на сон постигнувате успех, тоа значи дека во реалноста ќе имате разочарување или загуба. 

Ученик

Да бидете ученик означува веселба, ако видите ученик тоа значи дека ќе имате мала добивка, наследство, ако се тепате со ученик на сон тоа предупредува дека ќе ве снајдат грижи.

Ученичка книшка

Ученичка книшка симболизира потреба за докажување.

Учење

Ако учите на училиште: ако сонувате дека учите на училиште, значи дека ве чека голема среќа. Ако ги учите другите на училиште: ќе стекнете верен пријател. Ако гледате како другите учат на училиште: треба да работите повеќе за да ги постигнете своите цели.

Училишна клупа

Ќе бидете лажно обвинети за нешто.

Училиште

Ќе ви претстои среќен период во животот. 

Учител

Ако го видите: ќе страдате поради непромисленост; ако разговарате со него: вашите можности се нормализираат.

Уши

Големи уши: ќе слушнете нешто што не сте смееле. Мали уши: ќе слушнете добра вест.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg