Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Баба


Ја сонувате својата баба: семејна радост; туѓа: јад и лутина; жива и здрава: помош од личност од која тоа не сте го очекувале; на одар: сте заборавиле на некои дадени ветувања.

 

Бабица

За слободните брак, за венчаните деца, за старците болест; откривање тајна; ако сте бабица: се мешате во туѓи работи; непозната: следува весел настан; ако ја викате: наскоро ќе одите на повојница.

Бабун

Ако видите бабун во сон тоа означува дека ви претстои брак или среќен период во љубовта.

Багер

Ако го видите: ве очекуваат работи. Ако го возите: ќе излезете од вашата комфор зона. Ако копа: ќе се распрашувате за некого.

 

Багрем

Багрем без цвет значи тага и жал, а во цвет дека ќе постигнете успех на кој долго сте се надевале.

Бадем

Неизлупен: радост, уживање; излупен: грижи; ако го јадете: пријатни вести; во цвет: краткорочен успех.

Бадниково гранче

Бадниково гранче во сон значи мир во душата, веселба, среќа

Базен

Претпазливост во работите и коцкањето; во градина: предзнак на успешна љубовна врска.

Бајка

Ако слушате: некој ќе ве измами: ако раскажувате: безуспешно ќе се обидеш да излажеш; ако пишуваш: ти претстои одмор и период за опуштање.

Бакнеж

Ако сонувате дека бакнувате некого симболизира взаемна љубов. Ако вам некој ве бакне во сон значи дека вашиот љубовник ќе патува. Ако искрадете бакнеж предупредува на лажни љубовни изјави, краткотрајна љубов.

Бакнување

Со пријатели: смирување; со мртви: смрт; гледање други како се бакнуваат: тага; со саканата личност: среќа после бурни часови; со својата жена/маж: кавга во домот; со туѓа жена/маж: добар знак за сè што ќе почнеш.

Бакшиш

Давање: ќе бидеш дарежлив, пријателите те искористуваат; примање: ќе дознаеш  важна тајна.

Бал

Ако сонувате дека сте на бал, тоа подразбира дека ќе бидете поканети на веридба или свадба.

Балерина

Внимание во раководење на финансиите, бидејќи може да дојде до непотребни издатоци и штети.

 

Балет

Bи претстои разочарување и вознемиреност поради измама и итроштина на блиска личност.

Балкон

Гледање: љубовта ќе ти биде возвратена; да се биде на балкон: позицијата ти е несигурна; во воздух: нереални деловни планови.

Балон

Добивката ќе ви се лизне од раце.

Балсам

Добро здравје, средба со личност која ќе ви помогне во решавање проблем.

Балсам за усни

Балсам за усни во сон значи дека имате тајна симпатија.

Банана

Да видите банана во сон значи дека ќе чуете пријатни вести.

Банда

Опасност, закани, семејни проблеми, грижи.

Банка

Посета на банка значи дека многу ќе се грижите поради штета на работа.

Банкар

Сонување банкар значи да не се впуштате во шпекулации.

Банкет

Љубов, среќа, изобилство во најблиската околина.

Банкомат

Полн или вадите пари: некој ќе ви врати долг. Помош во неволја.

Празен или неисправен: некој ќе ви остане должен.

Банкрот

Кога сонувате дека сте банкротирале, тоа е знак дека ќе му помогнете на пријател.

Бања (лекувалиште)

Внимавај на измама; лекување во неа: некој од деловното опкружување е нечесен.

Бањање

Ако се бањате во сонот означува дека ќе оздравите од краткотрајна болест.

Бар

Сонувањето бар значи дека ве следат парични издатоци, загуби, трошоци.

Бара

Кога во сон ќе видите бара, тоа означува дека многу ќе работите, а ќе имате малку корист од тоа.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg