Балет

Term Main definition
Балет

Bи претстои разочарување и вознемиреност поради измама и итроштина на блиска личност.

Што значи да сонувате балет?

Ако во сон гледате балет, тоа предупредува на разочарување. Во наредниот период ќе сфатите кои ви се вистински пријатели и кога може да сметате и во добро и во зло. До сега наоѓавте решенија за проблемите што ве мачеа и сите во вас гледаа поддршка и поткрепа.

Во друштво важите за некој кој е секогаш насмеан, расположен и подготвен за акција. Меѓутоа, ќе се најдете во ситуација кога нема да ви цветаат рози. Може да се случи да имате финансиски проблеми или да се искарате со вашиот партнер.

Во секој случај, поддршката нема да ви ја пружат многумина од кои тоа го  очекувате. Прв пат ќе барате нешто од другите, но ќе сфатите дека сте оставени сами на себе. Пријателите ќе се однесуваат како да не сте биле блиски и за вас ќе кажуваат лаги или ќе откријат нешто што сте им го кажале во доверба.

Друго значење на гледање балет во сон е измама. Веројатно ќе дознаете дека вашиот партнер седи на два стола и не ви е верен веќе подолго време. Најтешко ќе ви падне што ќе ве обвини дека сте го занемариле и затоа  побарал утеха во друга жена. Ако одлучите да останете во заедница со него, ќе имате договор секој да живее свој живот, а единствената заедничка тема ќе бидат децата.

Третата можност е дека овој сон укажува на вознемиреност поради нешто што сте направиле. Сте се послужиле со итроштина за да добиете нешто што сакате. Веројатно сте раскажале трач или невистина за да докажете дека сте во право или да оцрните некого. Тоа може да ви се врати како бумеранг. Ќе бидете загрижени и ќе имате чувство дека вистината секој момент ќе излезе на виделина.

Толкувањето на ваквите соништа зависи и од контекстот во кој се случуваат и од деталите што ги придружуваат.

Доколку сонувате дека гледате балет во театар или во поголема концертна сала, тоа значи дека ќе се најдете на вистинското место во вистинско време. Можно е да запознаете влијателна личност која би можела да ви помогне да најдете работа или да ја смените постоечката. Ќе ви се отворат сосема нови видици и ќе сфатите дека е време да го искористите своето  знаење, талент и труд за да напредувате. Сепак, бидете внимателни како се однесувате во негово/нејзино присуство. Многу е важно да оставите добар впечаток за да ви излезе во пресрет во иднина.

Ако сонувате дека гледате балет на телевизија во својот дом, тоа значи дека ќе одлучите да ја искористите својата креативност за да заработите некои  пари. Можеби ќе сфатите дека хобито со кое се занимавате, освен задоволство, може да ви донесе и финансиска корист. Сепак, мора да бидете подготвени на тоа дека парите нема да дојдат толку брзо и дека ќе мора да бидете трпеливи за да почнете да ги чувствувате придобивките од таа работа. Важно е само да не се откажувате од својата намера и да поминувате низ кризи со некој што разбира кои се вашите цели.

Кога сонувате дека гледате балет во туѓ дом, веројатно ќе се најдете во неволја. Некој ќе се обиде да ги омаловажи вашиот труд и работа, и вие ќе влезете во дискусија со него/неа за да се одбраните. Бидете внимателни и не дозволувајте да постапувате преагресивно. Застапувајте се за своите  ставови, но не реагирајте бурно, бидејќи тоа ќе создаде контраефект. Ќе ви треба време да сфатите дека нема потреба кому било да докажувате кој сте и што сте и да се правдате за своите постапки.

Кога конечно ќе дојдете до тој заклучок, животот ќе биде многу поедноставен.

Доколку сонувате дека балерина или балетан паѓа за време на танц, тоа е знак за неуспех. Ќе мора да се помирите со некоја загуба во деловниот или во приватниот живот. Веројатно ќе мора да ги промените своите планови што ќе донесе дополнителни трошоци. Ако направите мудри и помислени  потези, може да ја намалите штетата. Од друга страна, не смеете да дозволувате луѓе чија единствена компетенција е тоа што сте пријатели или познаници да ви направат дополнителни проблеми.

Кога сонувате дека сте воодушевени од балетската претстава што ја гледате, можно е во блиска иднина да сретнете личност која ќе ве маѓепса  со своите ставови и постапки. Тој/таа ќе ви помогне да сфатите дека на многу работи сте гледале од сосема погрешен агол, па битно ќе ги проширите видиците. Веројатно ќе сфатите дека уште не е доцна да ги остварите своите соништа.

Ако сонувате дека балетот што сте го гледале е здодевен и неинтересен и дека не сте уживале во она што го гледате, тоа значи дека на патот кон успехот ќе бидете соочени со бројни пречки. Можно е во наредните денови да бидете збунети или заборавни, што ќе донесе неприлики со  претпоставените на работа, но и во приватниот живот. Добра вест е дека таквото расположение нема да трае долго.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако сте гледале балет во живо или на телевизија, оставило впечаток во вашата потсвест.

Дефиниција за балет

Балетот е облик на игра што се изведува во театар или на друга сцена. Во него играчите настапуваат индивидуално или во група.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg