Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Чавки


Ако сонувате чавки тоа значи дека ќе изгубите почит и авторитет кај помлади личности.

Чад

Вербално недоразбирање со пријателите; ако излегува црн чад: несреќа; ако излегува бел чад: некој ќе ви укаже чест; ако ти ги пече очите: непријатно доживување.

Чадор

Ако сонувате чадор значи дека другите ќе ја злоупотребат вашата добрина.

Чај

Ако сонувате дека пиете чај значи дека ќе се најдете во симпатично друштво.

Чајник

Предзнак за несреќен случај во кој ќе биде вклучена личност која ја познавате.

Чакал

Ако сонувате чакал значи дека ќе се збогатите.

Чамец

Ако се возите во чамец тоа значи дека на јаве ве привлекува нова љубов; Чамец кој пропушта вода предупредува на болест, непријатности; ако паднете од чамец во вода значи загуба на коцка.

Чанта

Ако на сон видите полна чанта, имате совет да не се вообразувате. 

Чаршаф

Ако сонувате чаршаф тоа предупредува на помала болест во куќата која брзо ќе помине.

Часовник

Скап часовник: внимавајте на имотот; ако го навивате: наскоро љубовна авантура; ако купите или добиете: интересни вести; ако слушнете отчукување на часовникот: несреќен случај.

Часовничар

На сон ќе прифатите некоја многу деликатна задача.

Чаша

Полна: некој посакува да ве види, добри вести; празна: се подготвуваат да ве измамат, неочекувани гости; ако скршите чаша: некој ви работи зад грб, смрт; златна: унапредување на работа.

Чевли

Ако ви се неудобни чевлите на сон тоа предупредува на расправија во бракот.

Чекална

Ако сонувате дека сте во чекална тоа значи дека околината ја злоупотребува вашата добрина.

Чекан

Ако видите чекан на сон тоа значи дека слабо го ценат вашиот труд, угнетување на работа.

Чекање

Ако сонувате некого тоа значи дека ќе добиете пријатни вести, ви следат љубовни уживања.

Чело

Ако сонувате убаво чело, ова е знак дека она што го правите во животот е добро. 

Чепкалка за заби

Ако видите чепкалка на сон тоа предупредува дека сите не ви мислат добро, доверувајте се само на блиски пријатели.

Честење

Или ќе ви се зголеми богатството или трошоците.

Честитање

Ако дадете честитка на сон тоа е симбол за забава и веселба, а ако ја примите тоа значи дека желбата нема да ви се исполни, некој ве озборува.

Честиткa

Ако дадете честитка на сон тоа е симбол за забава и веселба, а ако ја примите тоа значи дека желбата нема да ви се исполни, некој ве озборува.

Четка

Ако видите четка тоа предупредува на расправија во куќата; ако се четкате значи дека ќе имате неочекувани гости.

Четка за ве-це школка

Доколку на сон видите или користите тоалетна четка тоа имплицира дека премногу се грижите за тоа што мислат луѓето за вас.

Четка за заби

Ако сонувате четка за заби, значи дека ќе имате здравствени проблеми поради неуредност.

Четка за сликање (кист)

Сон во кој гледате четка за сликање ја претставува вашата креативност.

Четка за чевли

Кога на сон ќе видите четка за полирање тоа значи дека ја имате поддршката од семејството за некоја важна задача што планирате да ја направите.

Четка за шминка

Ако на сон користите четка за шминка тоа имплицира дека сте неискрени кон лицата што ги сакате. 

Чешел

Сонувањето на чешел значи кавга, озборување, лоши вести, инает.

Чешлање

Ако се чешлате на сон значи дека имате оправвдани грижи, ќе ве излаже некој во кој сте верувале. 

Чешма

Ако одите на чешма на сон тоа значи дека имате среќен брак или врска, ако пиете од чешма – очекувајте признание, добивка.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg