Чад - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Чад

Term Main definition
Чад

Вербално недоразбирање со пријателите; ако излегува црн чад: несреќа; ако излегува бел чад: некој ќе ви укаже чест; ако ти ги пече очите: непријатно доживување.

Што значи да сонувате чад?

Ако сонувате чад

Ако на сон видите чад тоа укажува на вербално недоразбирање со пријателите. Можно е да сте се нашле во тешка ситуација, па поради тоа сте побарале нивна помош.

Сте очекувале поголема поддршка и разбирање, а сте наишле на критики и на осуда. Сметате дека сте заслужиле повеќе бидејќи отсекогаш сте се труделе да бидете покрај нив и да им го олесните секој проблем.

Ако сонувате црн чад

Кога сонувате дека излегува црн чад тоа е предупредување за материјални загуби. Во наредниот период многу нешта ќе се одвиваат спротивно од вашите очекувања што ќе ви создаде дополнителна главоболка и грижи.  Ќе се уверите во точноста на изреката: „неволјата никогаш не доаѓа сама“.

Ќе сфатите дека нема поента да правите долгорочни планови и ќе се потрудите помирно да поднесете се што ќе ви излезе на патот.

Ако сонувате бел чад

Ако сонувате бел чад тоа имплицира дека некој ќе ви укаже чест. Ќе ви се пружи прилика за која сте можеле само да сонувате. На работа или на факултет ќе ви понудат да соработувате или да учите со лице кое исклучително е ценето во вашата струка.

Ќе бидете горди што токму вас ве избрале и ќе сторите се за да докажете дека донеле правилна одлука.

Ако сонувате дека ве јаде чадот

Доколку сонувате дека чадот ви ги пече очите, тоа значи дека ќе имате непријатно доживување. Веројатно сте ја откриле вистината за која многу луѓе од вашето опкружување ве предупредувале. Тоа може да се однесува на празните ветувања кои ви ги давал партнерот.

Ќе увидите дека поради него сте прекинале контакт со многу луѓе кои навистина се грижеле за вас и кои се обидувале да ви ги отворат очите.

Ако сонувате дека се гушите во чад

Ако на сон се гушите во чад тоа значи дека не сте среќни и исполнети во љубовта. Можеби после неколку години минати во врска или брак сте почнале да ги забележувате партнеровите маани и полека сте почнале да заборавате зошто воопшто сте се вљубиле во таа личност.

Се почесто измислувате приказни за да не поминувате време заедно, а ве нервира фактот што некогаш сте го/ја сметале за симпатичен/симпатична. Време е да разговарате со партнерот/партнерката за вашите чувства. Или почнете да работите на проблемот или разделете се.

Ако сонувате дека други се гушат во чад

Овој сон укажува на недоразбирања во комуникацијата. Веројатно со добра намера ќе наговорите некоја личност да направи нешто за сопствено добро. Бидејќи немате никаква корист од тоа, сатисфакција ќе ви донесе самиот факт дека сте направиле добро дело. Сепак, вашите намери нема да бидат така окарактеризирани, туку околината ќе ве обвини дека се китите со туѓи перја.

Тоа ќе ви биде јасна лекција никогаш да не се обидувате да им помагате на оние кои не ја сакаат вашата помош.

Ако сонувате дека бегате од зачадена просторија

Кога маж сонува дека бега од зачадена просторија претставува предупредување да внимава кому се доверува. Покрај себе имате колега или соработник чии намери не се сосема јасни. Можеби ќе се обиде да ја злоупотреби довербата која сте му/и ја укажале.

Доколку жена сонува дека бега од чад тоа значи дека не треба да донесува одлуки во афект. Постои можност да запознаете личност која многу ќе ви се допадне и со која ќе посакате да го поминете остатокот од животот.

Нема да им обрнувате внимание на советите од блиските луѓе, туку ќе сметате дека животот со него/неа е она за кое отсекогаш сте мечтаеле. Пред да донесете некоја одлука која ќе ви го промени животот, обидете се да ги исклучите чувствата, а да го вклучите мозокот.

Ако сонувате дека спасувате некого од зачадена просторија

Ако спасувате некого кој се гуши во огромна количина на чад тоа имплицира дека ќе имате среќа. Можеби ќе и помогнете на личност која е на висока положба во општеството, па за услугата богато ќе ве награди.

Тоа ќе ве изненади бидејќи и да не е влијателен/влијателна би и помогнале на личноста. Од друга страна можеби ќе имате среќа во лотарија или во кладилница.

Ако сонувате дека некој ве спасува од чад

Доколку на сон некој ве спасува од чад значи дека ќе избегнете опасност благодарение на блиска личност која ќе ви ги отвори очите. 

Ова ќе ве научи да внимавате кому се доверувате, да не објавувате приватни податоци на интернет и да не потпишувате ништо за што не сте доволно сигурни.

Ако сонувате дека сте се загушиле од чад

Кога сонувате дека сте се загушиле во чад тоа симболизира неоснована грижа. По природа сте емотивна личност и важно ви е какво мислење има околината за вас.

После неколку важни состаноци па дури и неформални дружби, „враќате филм“ за да оцените дали сте се претставиле на вистински начин. Го анализирате секој можен збор што сте го изговориле и секој гест што сте го покажале.

Важно ви е на време да ги прилагодите ставовите кон мнозинството за да не бидете исфрлени од друштвото. Толкава доза на комформизам може сами да ви наштети, а никако да ви помогне.

Ако сонувате дека некој друг се загушил во чад

Овој сон укажува на расправија. Ќе влезете во расправија со тврдоглава личност. Ќе се потрудите аргументирано да го изнесете својот став, но тој/таа нема да ве сослуша.

И понатаму ќе си го задржи мислењето. Наместо да трошите време и енергија на такви луѓе, насочете се кон нешто поконструктивно.

Ако сонувате чад од цигари

Кога сонувате чад од цигари тоа има повеќе значења. Првото и најчестото е дека сте пушач кој се обидува да се откаже од цигарите. Друго значење е дека би требале да посетите лекар.

Не би смееле да ги занемарувате симптомите кои веќе некое време ве мачат или пак дијагнозата и лекот да ги барате на интернет. Консултирајте се со стручни лица што порано за да дознаете што се случува со вас.

Ако сонувате прстени од чад

Ако сонувате дека во воздухот лебдат прстени од чад тоа значи дека сте збунети од некоја ситуација во која сте се нашле. Веројатно се наоѓате на крстосница и не сте сигурно по кој пат да тргнете. Обидете се детално да ги проанализирате можните последици од вашата одлука, па тогаш тргнете во реализација.

Не би било лошо кога би се советувале со некого во кого имате доверба за важни нешта. За приватните нешта разговарајте со членовите на семејството, а кога се работи за работата обратете им се на колегите кои имаат поголемо искуство од вас.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе или вдишале чад, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чад

Чад се состои од мали честички на цврсти или течни супстанции и настанува со некомплетно согорување на материи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg