Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Награда |
Добивање награда во сон значи дека ќе имате мали трошоци, а давање награда ве предупредува дека ви поставуваат стапица. |
| Надгробен споменик | Гледање надгробен спомени во сон значи дека ви претстои жал. |
| Најденче | Сонување најденче предупредува на неверство во бракот. |
| Накиснати | Во сон, да се биде накиснат предупредува дека ве очекуваат болести, загуби, грижи. |
| Накит | Купување: ќе влезеш во долгови, кавга; наоѓање: биди штедлив па ќе успееш; добивање: ќе те вовлечат во нечесна работа; губење: ќе претрпиш некоја штета, болест; подарување: имаш среќна рака во работата; китење со накит: празни желби. |
| Намигнување | Намигнувањето во сон значи дека некого ќе израдувате. |
| Нане | Доколку во сон берете нане, можно е да запознаете личност која ќе ве воодушеви со своите ставови. |
| Наоѓање (нешто) | Наоѓање нешто во сон се заканува дека не очекуваш ништо добро. |
| Напрсток | Обичен напрсток во сон значи болест во домот, лутина, додека сребрен значи живот без пречки, среќен брак. |
| Нараквица | Гледање: премногу си скромен, непотребни трошоци; носење: ќе добиеш подарок, пријатна посета; златна: непосредна радост, богатство, чест. |
| Нарилник | Внимавај што зборуваш на јаве, не ги доверувај своите тајни секому. |
| Наркотици (дрога) | Земање наркотици: болест, несреќа; гледање други како земаат: некој ја очекува твојата помош, проблеми во друштвото; гледање наркотици: пријателите ве озборуваат; гледање наркоман или неколку наркомани: премногу им верувате на луѓето. |
| Насип | Гледање: некому ќе му се довериш; правење насип: упорноста води кон успех; рушење: имај повеќе самодоверба; одење по насип: ти доаѓаат безгрижни денови. |
| Наследство | Очекување: ќе се ослободиш од грижите и неволјите; добивање: сиромаштија; губење: смртен случај. |
| Наставник | Ако го видите: ќе страдате поради непромисленост; ако разговарате со него: вашите можности се нормализираат. |
| Научник | Ако сте сонувале научник или дека вие сте научник, тој сон означува дека ви е битно нечие мислење. Може да значи и дека нема да напредувате во кариерата. |
| Небо | Ведро: успех во работата, среќни моменти; облачно: несреќа, болест, пречки, опасност; розово: голема добивка, радост; црвено: кавга, пропаст. |
| Невеста | Гледање: радост, среќа; бакнување: веселба на свадба или крштевање; играње со невеста: брак во блиска иднина; водење до олтар (матичар): ќе ти се исполни желбата. |
| Невидлив | Да се биде невидлив во сон значи дека имате залудни надежи, а справувањето со невидливи суштества ве предупредува да не се збунувате. |
| Невработен | Успех во коцкање и игри на среќа. |
| Невреме | Ако сонувате бура предупредува дека несреќата е неизбежна, болест, расправија; ако претрпите штета од невреме значи дека ќе успеете со големи тешкотии. |
| Нем човек | Да се биде нем во сон предупредува на понижување, а гледање нема личност дека ви следува награда, позиција. |
| Немаштија | Ако страдате од немаштија во сон значи дека вашата добрина ќе биде наградена, доаѓаат подобри времиња за вас. |
| Непозната личност | Соништата во кои гледате непознати луѓе оддалеку се симбол на поволни социјални средби. |
| Непознати луѓе | Гледањето непознати луѓе во сон предупредува дека ти претстојат грижи. |
| Непријател | Ако го гледате: желбата ќе ти се исполни; среќавање: неочекувани тешкотии и грижи; ако го победите: сè е добро кога добро ќе се заврши! |
| Нерасположение | Да се биде нерасположен во сон значи дека ќе добиеш лоши вести. |
| Несвестица | Паѓање во нессвест предупредува да се откажете од започнатата работа, загуба, а да гледате друг во несвест значи дека среќата ви се насмевнува. |
| Несреќа | Доживување несреќа во сон значи дека пријател ќе ве утеши. |
| Нешто крваво | Да се биде крвав во сон предупредува на опасност, кавга, лутина, понижување. |
