Накит

Term Main definition
Накит

Купување: ќе влезеш во долгови, кавга; наоѓање: биди штедлив па ќе успееш; добивање: ќе те вовлечат во нечесна работа; губење: ќе претрпиш некоја штета, болест; подарување: имаш среќна рака во работата; китење со накит: празни желби.

Што значи да сонувате накит?

И во соништата, во зависност од контекстот, накитот е поврзан со материјална добивка или загуба, како и со вашата желба саканата личност на тој начин да ви изјави љубов.

Ако сонувате дека купувате накит

Ако во сон купувате накит, тоа подразбира дека ќе влезете во долгови. Може да се случи да потрошите многу пари и време на личност која ќе ви раскажува празни приказни.

Ќе биде силен/а на зборови, но делата ќе му/ѝ бидат послаба страна, што ќе увидите по бројни разочарувања.

Ако најдете накит во сон

Кога во сон наоѓате накит, тоа укажува дека ќе успеете ако сте штедливи. Вие сте дарежлива личност која не жали последниот денар да го даде на пријатели и драги луѓе. Тешко ви е да ги намалите трошоците, но затоа секогаш има на што да ги потрошите парите. Да издвојувавте барем симболична сума на страна, досега ќе имавте голема заштеда.

Ако сонувате дека сте добиле накит

Доколку во сон добиете накит, тоа е предупредување дека ве вовлекуваат во нечесна работа. Вашите соработници веројатно ќе бидат премногу дарежливи, иако не постои вистинска причина за тоа.

Ќе се запрашате со што ги заслужувате наградите со кои ќе ве опсипат, а одговорот ќе лежи во услугата што ќе ја очекуваат од вас, а која нема да биде во согласност со законот.

Ако сонувате дека сте изгубиле накит

Ако во сон изгубите накит, тоа подразбира дека ќе претрпите штета. Може да се случи станот или куќата во која живеете да бидат обиени, при што ќе исчезнат  многу вредни работи што сте ги чувале. Исто така, треба да внимавате на крадци и метеж каде што би можеле да останете без паричник.

Ако сонувате дека подарувате накит

Доколку во сон подарувате накит, тоа значи дека имате имате среќи раце во работата. Можно е да сте успеале да постигнете многу работи на професионален  план без да ги заборавите луѓето кои ви помогнаа кога ви беше најпотребно. Вие сте достапни за нив во секое време и сте подготвени да ја возвратите услугата.

Ако во сон се китите со накит

Кога во сон се китите со накит, тоа симболизира празни желби. Веројатно имате нереални очекувања од саканата личност и се надевате дека вие ќе го/ја промените.

Иако не ви ветувал/а ништо, вие си замислувте дека сте посебни и дека ќе имате подобар третман од поранешниот партнер/ка.

Ако сонувате дека фрлате накит

Ако во сон фрлате накит, тоа значи дека сте горди. Вие сте личност која се држи до својата чест и кога некој би ви ја извалкал, би сметале дека немате право никого да погледнете во очи. Често оставате впечаток на брзоплета личност, но штом ќе се почувствувате загрозено, инстинктивно станувате одбивни и го менувате однесувањето кон луѓето кои ќе се затекнат таму.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, носеле, изгубиле, пронашле, примиле или сте подариле накит, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за накит

Накит е украсен предмет кој луѓето го ставаат на телото, облеката и обувките.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg