Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Гавран |
Мртов: направената неправда ќе ви биде исправена; ако слушнете гавран: ќе бидете одважен во наметната борба; да прелетува околу куќата: жални вести, смрт; ако го видите: среќа, радосни вести; ако го исплашите: кражба или измама; на кровот: од вас ќе зависи ситуацијата во домот. |
| Гаѓање со снег | Ако видите гаѓање во сон означува расправија со соседот, измама, ако сонувате дека се гаѓате со некого симболизира радосни вести, чувајте се од инциденти на јавно место. |
| Гаѓате во нешто | Значи дека ќе ви се остварат желбите. |
| Газа | Медицинска газа во сонот значи дека ќе се ослободите од грижите. |
| Газда (шеф) | Ако видите или разговарате со шефот во сонот означува промена во служба; ако се расправате со него значи дека ќе добиете покачување. |
| Гајдаџија | Ако сонувате гајдаџија тоа значи дека ве очекуваа пријатни љубовни моменти. |
| Гајтан | Одврзување на гајтан во сон симболизира љубовни или семејни неволји; одврзување значи задоволство со постигнатото; ако кинете се советува да прекинете незадоволителна врска. |
| Галама | Друштво: ги потиснувате желбите затоа што сте неодлучни. |
| Галеб | За парови во брак: раскинување проследено со солзи; за парови кои не се во брак и поединци: среќа во љубовта, радост, веселба; ранет: бидете внимателни; во лет: ви се насмевнува среќата во животот. |
| Галење | Галење некого во сон е закана дека ќе се разочараш во љубовта. |
| Галерија | Ако видите уметничка галерија во сонот тоа значи дека ве очекува среќна иднина, ќе слушнете значајни новости кои ќе имаат голема важност во иднината. |
| Галија | Галија во сон предупредува дека ве очекуваат непријатности, а галија полна со воска предупредува на недоразбирања на работното место. |
| Гаража | Ако сонувате јавна гаража тоа значи дека ќе имате напредок во општите работи, а приватна гаража предупредува дека ќе ве изневери некој кому му верувате. |
| Гардеробер | Празен гардеробер во сонот предупредува дека треба да избегнувате да се задолжувате по секоја цена, додека полн симболизира материјален успех на работа. |
| Гас | Гас со непријатна миризба во сон значи дека вашиот страв за здравствената состојба е оправдан. |
| Гатачка | Ако видите гатачка во вашиот сон, истиот ве советува да имате поголема доверба во себе и во своите постапки, додека да бидете гатачка значи дека околината се сомнева во вашите идеи. |
| Гаќи | Ако сонувате дека сте изгубиле гаќи тоа предупредува на штета на имот, неверство, не сте сигурни во сопствениот избор или тоа не сакате да си го признаете. |
| Гелендер | Ако видите гелендер во сонот тоа ве предупредува дека ќе имате мали проблеми со парите. |
| Гениталии | Големи грижи и потешкотии на повидок, несигурност во себе. |
| Географска карта | Ако видите географски карти во сонот тоа значи дека неочекувано ќе заминете на патување. |
| Гилотина | Ако видите гилотина во сонот тоа предупредува дека поради своите непромислености ќе изгубите пријател. |
| Гипс | Означува среќа на работното место, ако носите гипс во сонот значи дека вашето трпение ќе се исплати, ако сонувате гипсена фигура значи дека очекувате задоволства. |
| Гитара | Ако видите: ќе добиете подарок; ако свирите: ќе станете омилени на околината, признание, успех; ако слушате: тага поради минатото. |
| Глава | Можно е поради големи трошоци да морате да се откажете од луксузот во којшто сте живееле досега. |
| Главоболка | Ако сонувате дека имате главоболка, тоа значи дека сте под голем стрес. |
| Глад | Ако сте гладни во сонот значи дека ќе добиете на лотарија. |
| Гласање | Ако сонувате гласање тоа значи дека морате повеќе да имате доверба во сопствените способности. |
| Гледате како некој води љубов | Ако сонувате дека гледате како некои други луѓе водат љубов тоа имплицира дека претерано сте срамежливи и како последица на тоа пропуштате многу прилики вистински да уживате. |
| Гледате натпревар | Ако во сонот гледате натпревар или некое друго спортско случување тоа имплицира дека наскоро ќе отпатувате некаде. |
| Гледате некого/нешто | Ако гледате во небо тоа значи дека копнеете по некого кој ви е многу драг. |
