Галење

Term Main definition
Галење

Галење некого во сон е закана дека ќе се разочараш во љубовта.

Што значи да сонувате галење?

Ако во сон галите некого, тоа е предупредување дека ќе се разочарате во љубовта. Вие сте личност која се впушта во секоја врска со срцето, поради што често сте повредени. Искреноста скапо ќе ве чини затоа што ќе наидете на некоректни луѓе кои нема да умеат да ја ценат, туку ќе ја злоупотребат. Иако ќе си кажете себеси дека вртите нов лист, брзо ќе ја повторите старата шема на однесување.

Сонување дека се галите укажува дека сте премногу чувствителни. Можно е со  надворешниот изглед да оставате впечаток на ранета срна на која ѝ треба заштита и  бегство од суровата реалност. Родителите ве држеа како капка вода на дланката и влијаеја да израснете под стаклено ѕвоно кое кога-тогаш ќе се скрши и неподготвени ќе ве фрли во костец со проблеми.

Кога во сон гледате како други се галат, тоа подразбира дека сте незадоволни. Веројатно ќе бидете во врска со личност која нема да ви го даде потребното внимание. Ќе се трудите да му/ѝ пружите доволно шанси да се поправи, по што или ќе заминете или ќе се навикнете на недостиг од нежност што ќе се обидете да го надоместите на некој друг начин.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте галеле некого, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за галење

Галење е изразување нежност со допир или со зборови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg