Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Табакера


Примање на подарок значи дека ќе се здобиеш со углед, почит; да ја изгубите во сон значи добивка на коцка; пронаоѓање табакера значи дека ќе чуеш радосна вест на јаве.

Табакера

Ако во сон видите табакера, ве очекуваат добри времиња.

Табла училишна

Гледање училишна табла во сон советува дека треба да се послуша добар совет;  пишување, бришење на неа предупредува дека на јаве ќе западнеш во долгови.

Таван

Сонување дека барате нешто на таван означува неочекувани тешкотии, сиромаштија.

Тага (тагување)

Ако сте тажни во сонот ве очекува среќа на јаве.

Тајна

Дознавање: ќе стекнеш добри пријатели; откривање: срам, мизерија; чување тајна: среќно ќе избегнеш опасност.

Такси

Такси во соништата (Uber Bolt, итн.) значи асоцијација во потсвеста на раздвижен град, службени патувања, зафатени луѓе кои секогаш брзаат некаде. 

Тамбура

Гледање тамбура во сон значи дека ви претстои патување; тамбурата предупредува дека некој од околината ви завидува.

Танга гаќички

Женски: црно ти се пишува; машки: скандал, срамота, лоши вести; валкани: болест; искинати: опасност, свадба, љубовна авантура, жешка врска; ако носите туѓи гаќички на себе: не се фалете со она што не ви припаѓа.

Танго

Ако сонувате танго, најверојатно ќе бидете дел од прекрасна љубовна приказна. 

Танкер

За вас нема непредвидени ситуации кои можат да ве вознемират.

Танцување

Ако играте во сонот значи дека сте склони на љубомора, несреќа.

Танчар/ ка

Внимавајте на трошоците во следниот период. 

Тапан

Ако слушнете тапан на сон тоа значи дека некој ќе ја искористи вашата искреност; недоразбирања, кавги.

Тапетар

Во сон тапетар е симбол на семејна среќа што ви претстои на јаве.

Тапети

Ако сонувате тапети, тоа е знак дека ѕвездите конечно ќе ви бидат наклонети.

Тарантула

Ако сонувате дека гледате тарантула, нешто ви се случува во животот што ќе направи да бидете ранливи.

Таратор

Таратор на сон е знак за патување во блиска иднина. 

Татко

Ако разговарате со вашиот татко: среќа, радост; смрт на татко: неволја, срам, несреќа; ако сонувате мртов татко: напредок, долг живот.

Твор

Сонување твор предупредува да се чуваш од подлизурковци, измами, загуби.

Тврдина

Гледање тврдина во сон значи дека ќе бидеш во немилост на претпоставените поради нечие озборување, лаги.

Театар

Ако сонувате дека одите во театар значи дека вашата стара желба ќе се оствари.

Театарски штици

Ако сонувате театарски даски тоа имплицира дека работите на себе.

Тегла

Ако сонувате дека купувате тегли, ве очекува нестабилна иднина. 

Текст

Не е добро да сонувате дека се карате за текст, тоа може да означува дека ве чекаат тажни моменти.

Текстил

Текстил на сон симболизира квалитетно поминато време и фокусирање на идната фаза од животот.

Теле

Теле во сон е симбол на радост, добивка на јаве.

Телевизор

Ако ​​сонувате телевизор, овој сон често ја претставува вашата реалност пренесена на ТВ.

Телеграма

Ако на сон сте примиле телеграма со добри вести, ова симболизира среќа. 

Телепатија

Ако сонувате телепатија - ова е добар знак.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg