Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Телескоп |
Ако на сон видите телескоп, тоа значи дека сте сомнителни околу финансиските можности на семејстовото. |
| Телефон | Гледање телефон значи дека ќе чуете неважни вести; повикување на телефон во сон предупредува на грижи, итни работи; примање повик значи дека ќе слушнете некои вести. |
| Телефонирање | Телефонирање во сон значи дека те очекуваат итни работи. |
| Тело | Ако сонувате поедини делови од вашето тело, тоа е знак да обрнете повеќе внимание на истите. |
| Темел на куќа | Темел на куќа во сон е симбол за добивка, веридба, семејна веселба на јаве. |
| Темјан | Сонување темјан значи дека на твоите грижи им доаѓа крај. |
| Темјанушка | Сонување темјанушка означува среќа во љубовта, пријатни спомени, не очекувај многу од другите. |
| Темнина | Ако се најдете во темнина: болест, зли времиња; талкање во темнина: те чекаат неволји; излегување од темнина: среќно избегната опасност. |
| Температура | Температура на сон е лош знак. |
| Тенк | Гледање тенк во сон значи да не се расправате со некој посилен од себе. |
| Тепање | Предупредување за неизбежна штета. |
| Тепих | Тепих во соништата ја означува суровата реалност на животот, а во исто време нуди некаква удобност. |
| Тепсија | Празна тепсија во сон означува штета, кавга; полн е симбол на нова љубовна, вонбрачна врска што ќе ви се случи наскоро. |
| Терапевт | Ќе доживеете успех на деловно поле. |
| Тераса | Тераса на сон воглавно е знак на некои успеси и падови. |
| Термометар | Сон во кој користите термометар е знак за проблеми во семејството. |
| Термос | Ако сонувате термос, тоа значи дека некому ќе се доверите за некоја сериозна работа. |
| Термофор | Ако во сон цврсто држите термофор, очекувајте проблеми врзани со циркулација, а освен тоа и со срцето и притисокот. |
| Термоцентрала | Уморни сте и потребен ви е подолг, квалитетен одмор. |
| Терорист | Терорист на сон е закана за опасност. |
| Тест | Ако се подготвувате за тест на сон, во реалноста значи дека ќе преземете некој важен чекор. |
| Тест за бременост | Соновите со тест за бременост најчесто се јавуваат кај идните мајки или жените кои сакаат да имаат деца, но и кај идни татковци и мажи кои сакаат да создадат семејство (иако кај мажи е поретко). |
| Тестамент | Сонување дека правите тестамент значи дека животот ви се продолжил. |
| Тестенини | Доколку во вашите соништа јадете тестенини, тоа означува љубовни интриги. |
| Тесто | Сонување тесто предупредува дека наидуваат мали пречки, несогласувања во бракот. |
| Тетка (тетин) | Да ги видите во сон значи дека ќе добиеш наследство или награда; разговарање, посетување: предупредува на кавги во домот. |
| Тетоважа | Соништата за тетоважи се вид на соништа кои честопати се поврзани со тоа на кој начин луѓето ве гледаат, како се однесувате кон нив и како се гледате себеси. |
| Тетратка | Ако сонувате тетратка, ве очекува успех на професионален план. |
| Тефтер | Ако на сон најдете тефтер, ќе откриете некаква тајна. |
| Тешта (тест) | Гледање тешта/тест во сон значи дека ќе бидете соочени со неволји, расправии, проблеми, досада. |
