Тераса

Term Main definition
Тераса

Тераса на сон воглавно е знак на некои успеси и падови.

Што значи ако сонувате тераса?

Ако сонувате тераса во вашиот дом

Ако сонувате дека имате тераса, а во реалноста ја немате, тоа е добар знак и може да означува восхит од околината заради нешто што сте го направиле успешно. Сонот може да биде најава и за унапредување.

Ако сонувате дека стоите на тераса и се плашите од висината

Ова може да укажува на страв од некоја одговорност и недостиг на самодоверба.

Ако сонувате дека гледате надолу од тераса

Сон во кој гледате надолу од терасата може да означува некои промени во вашиот љубовен живот. Можеби ќе започнете нова емотивна врска или љубовна афера со странец.

Ако сонувате дека се симнувате од тераса

Овој сон може да означува потешкотии и непредвидливи околности и случувања кои може да ви застанат на патот и да го одложат вашиот успех.

Ако сонувате дека спиете на тераса

Ако во сон сте спиеле на тераса, тој сон може да го означува доброто расположение во кое сте во моментот. Потполно сте смирени и имате добар однос со луѓето во вашата околина.

Ако сонувате дека се поздравувате со некого на тераса

Овој сон може да најавува раскинување, одвојување, а може да биде и најава на развод. Може да добиете лоши вести за познаници или пријатели кои се моментално далеку од вас.

Ако сонувате дека фарбате или поправате тераса

Ова може да биде најава за убави промени кои треба да ви се случат во животот. Можеби ќе ја промените работата која веќе ви здодеа.

Ако сонувате уништена тераса

Ако на сон сте виделе тераса која во целост била уништена, тој сон може да најавува некои проблеми или непријатни случувања во вашиот живот.

Ако сонувате тераса која може да се сруши

Ако сте сонувале тераса која е пред рушење, тој сон е некој вид на предупредување. Можно е да се најдете во некоја опасна ситуација и да бидете жртва во некои несреќни околности.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg