Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Игла |
Ако најдете: лоши вести; ако изгубите: разделба со драга личност; ако вденете конец во игла: ќе се најдете во непријатна положба; ако шиете: непријатност на работното место; ако се боцнете: ќе имате немирна совест; повеќе игли: голема расправија; ако скршите: жал. |
| Играчки | Ако сонувате дека купувате играчки значи грижи, а ако ги видите значи дека ќе имате принова во домот. |
| Иднина | Ќе ви се случи неочекувана промена во животот. |
| Избегнување | Предупредува дека ви претстои непријатна средба. |
| Избори | Ако сонувате дека сте поразени на избори можно е да направите голема грешка на работа поради која ќе ви биде многу срам. |
| Извор | Бистар извор: голема радост, среќа; матен: пропаднати надежи, несреќа, немаштија, болест; ако пиете вода од извор: искористете ја шансата, намалете ги потребите, добро здравје; пресушен извор: загуба, несреќа, војна. |
| Изјавување љубов | Изјавување љубов во сон значи дека ви претстојат пријатни моменти, среќа. |
| Излет | Предупредува да се тргнете од таканаречени пријатели. |
| Излог | Ако видите излог во сонот предупредува на болест во домот, не ги сфаќате туѓите проблеми. |
| Изложба | Ако разгледувате изложба советува дека скромноста води кон успех. |
| Измама | Ако сонувате дека сте измамени значи дека мора да бидете повнимателни и претпазливи. |
| Измамник (хохштаплер) | Кога сонувате измамник, тоа значи дека ве чекаат проблеми, срам, кавги во куќата, проблеми на работа. |
| Измет | Човечки – ако видите предупредува дека лоши луѓе ја очекуваат вашата пропаст; нечии: добар знак; ако паднете во измет: напредок, добивка. |
| Изненадување | Ако се изненадите значи дека ви претстои мала штета поради расправија, а ако изненадите некого значи дека ќе ви се исполнат интимните желби. |
| Икање | Ако сонувате икање значи дека некој ќе ве понижи на јаве. |
| Икона | Ако видите: лутина, напорна работа, ако виси на ѕидот: чест, среќен брак; ако симнувате: смрт во семејството. |
| Имот | Ако наследите: среќна женидба/мажачка; ако изгубите: ќе слушнете лоши вести; ако купите: расипништво води кон пропаст; ако продавате: некој ве поткраднува. |
| Инвалид | Ако сте инвалид во сон значи дека после возбуда следи смирување. Доколку видите инвалид тоа предупредува на несреќа која ве очекува зад грб. |
| Индијанец | Ве очекува некоја опасна авантура. |
| Инсекти | Ако видите инсекти во сонот тоа предупредува дека ќе претрпите големи загуби во бизнисот. |
| Искачување | Ќе ја достигнете целта; пад при искачување предупредува на проблеми, грижи, маки, неволји. |
| Исмевање | Значи дека ве очекуваат непријатности, проблеми. |
| Испит | Ако сонувате испит значи дека напорите ќе ги крунисате со голем успех. |
| Исплата | Предупредува на расправија со пријателите. |
| Исповед | Ако се исповедате во сон значи дека ќе почнете да се грижите за неволјите во коишто сте западнале во областа со која се занимавате. |
| Испраќање | Значи дека ваша скромна желба ќе ви биде исполнета. |
| Италијанци / Италија | Ако видите Италијанец или Италија во сонот значи дека ви претстојат денови исполнети со многу задоволства. |
