Измамник (хохштаплер) - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Измамник (хохштаплер)

Term Main definition
Измамник (хохштаплер)

Кога сонувате измамник, тоа значи дека ве чекаат проблеми, срам, кавги во куќата, проблеми на работа.

Што значи да сонувате измамник (хохштаплер)?

Ако видите измамник во вашиот сон

Ако видите измамник во сон, тоа значи беспомошност. Може да се случи некоја блиска личност да верува во некој што воопшто не ви се допаѓа. Ќе се обидете да го/ја вразумите, но ќе постигнете контра ефект.

Тој/таа нема да сфати дека сте имале само добри намери, туку ќе ве доживее како непријател и на крајот ќе се дистанцира од вас.

Ако сонувате дека сте измамник

Ако во сон сте измамник, тоа значи дека внимавате на вашата репутација. Можно е да се обидете да оставите добар впечаток на луѓето околу вас. Затоа ви е тешко кога некој зад грб кажува некаква лага за вас.

Иако сите ве советуваат да не обрнувате внимание, треба да реагирате и да му/ѝ објасните на дотичната личност дека може да ви нанесе штета врз вашата чест и репутација во општеството.

Ако сонувате дека браните некој измамник

Кога браните измамник во вашиот сон, тоа подразбира дека ќе бидете измамени. Може да се случи да се дружите, да се заљубите или да соработувате со личност која нема да биде искрена со вас.

Заради него/нејзе, ќе им замерите на луѓето кои го сакаат само најдоброто за вас и кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, ќе се срамите да го признаете тоа и да им се извините.

Ако сонувате дека сте фатиле измамник

Ако фатите измамник во сон, тоа укажува дека ќе ја земете правдата во своите раце. Веројатно самостојно ќе се справите со лицето кое ве оштетило.

Вие нема да сакате да вмешувате трето лице, туку лично ќе му кажете сè што имате. Иако ќе посакате, нема да му возвратите со иста мера, туку ќе останете достоинствени и горди.

Ако сонувате дека сте заљубени во измамник

Кога сте за заљубени во некој измамник во сон, тоа ви кажува дека избирате погрешни партнери. Можно е да имате неуспешни врски зад вас што предизвикува да ја изгубите надежта дека некогаш ќе ја пронајдете вашата сродна душа.

Сепак, не им давате шанса на оние кои ве сакаат, туку потсвесно барате луѓе кои имаат слични карактеристики како вашиот/вашата поранешен/поранешна партнер или партнерка.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако сте го виделе, фатиле или бранеле измамникот, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за измамник (хохштаплер)

Измамник е лице кое е склоно кон извршување измама.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg