Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Јаболко |
Ако берете: радост, деловен успех; ако собирате ќе имате добра работа; ако видите на дрво: ќе ви се прошири кругот на пријатели, ќе добиете пријатни вести; скапано: голема штета, несреќа; стебло без плод: болест; расцветано стебло: среќа, радост. |
| Јавање | Ако видите коњ во сонот значи дека ве очекува период на благосостојба, мир и успех. |
| Јавна куќа | Ако видите јавна куќа во сонот предупредува дека ќе доживеете срам, понижување. |
| Јагне | Ако заколете: вообразени сте; ако видите: краткотрајно задоволство, радост; ако најдете: ќе добиете чесен брачен сопатник. |
| Јагоди | Ако јадете: расправија во домот, солзи; ако берете – видите: полесна болест, грижи, жалост. |
| Јагула | Ако видите јагула: расправија, парница; ако фатите: поволни вести, финансиска добивка. |
| Јадење | Ако јадете сами во сон означува здравје, ако јадете во друштво симболизира свадба, веселба, богатство, топло (врело јадење значи исплата на плата на јаве). |
| Јадење месо | Свежо: болест, смрт; подготвено: среќа, корист; топло: ќе се досадуваш. |
| Јадете нешто кисело | Јадењето или пиењето нешто кисело во сон значи непријатна посета. |
| Јаже | Јажето на сон симболизира дека ќе имате големи грижи на јаве, внимателно изберете го патот по кој одите. |
| Јазик | Ако се гризнете за јазик во сон предупредува на смртен случај. |
| Јазовец | Ако видите јазовец на сон значи дека ќе имате голема добивка, наследство. |
| Јазол | Ако врзувате јазол на сон тоа предупредува на неприлика, жажлост; ако одврзувате јазол симболизира благосостојба, добивка на јаве. |
| Јајца | Ако јадете: веридба, среќа во љубовта, долг живот; ако вадите од гнездо: венчање со вдовец/вдовица; ако скршите: трачарење, озборување, непријатности; ако купувате: благосостојба во домот; ако бојадисувате: пречки на работа; расипано: болест, лутина. |
| Јама | Ако копате: ќе западнете во долгови: расправија, болест, ако видите: ви се заканува несреќа; длабока: болест; плитка: загуба на имот. |
| Јарбол на брод | Јарбол на бродот значи дека ќе имате среќен брак, добар секс, а скршен предупредува на расправии во бракот или во врската. |
| Јарец | Ако пасе: ќе сретнете противник; ако ве брка: расправија со претпоставена личност, срамота. |
| Јасли | Ако видите полни јасли во сон симболизира добивка, пријатни часови, додека празни значи дека некој ќе ви остане должен, големи потешкотии. |
| Јастреб | Предупредува на „пријател“ кој ве лаже, краде, загуба. |
| Јато птици | Побрзајте со започнатата работа. |
| Јахта | Ако ја видите во сон значи дека ќе формирате корисно познанство. |
| Јорган | Ако видите јорган во сонот значи болест, смрт, неостварени желби. |
| Јоргован | Ако сонувате јоргован значи дека љубовта ви е на дофат на рацете, радост. |
