Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Жаба


Ако видите жаба во вода: изневерување ако сте убиле жаба: ќе претрпите штета, љубомора; ако слушнете дека крека: добри вести; повеќе жаби во бара: ќе имате среќа во работите, пари и радост; мала жаба: среќа; голема жаба: тага, жалост.

Жална врба

Доколку во сон видите жална врба тоа значи дека ве очекува тага во домот.

Жалфија

Сон во кој гледате жалфија укажува на тоа дека би требало да послушате мудар совет на блиска личност.

Ждребе

Ако сонувате ждребиња, ве чека добар брак, деловен успех во реалноста.

Жед

Ако сонувате дека чувствувате жед значи дека вашите надежи се залудни.

Желби

Ако сонувате желби значи дека ве очекува добивка, долг живот.

Железничка пруга

Ако видите: побрзајте со започнатата работа, грижа, непријатна посета; ако се возите: неочекуван глас, патување.

Железничка станица

Кога во сон ќе видите железничка станица, тоа означува дека ќе бидете во недоумица.

Железнички премин

Доколку во сон гледате железнички премин, тоа ве предупредува дека некој е љубоморен на вас.

Желка

Желка во сонот значи дека љубовта не ви е возвратена со иста мера.

Жена

Стара: несреќа, озборувања; млада: среќа, варди се од глупости; гола: штета од лаги, ќе бидете во искушение; блудна: ќе бидете обесчестени; отмена: чест, успех во работата; многу жени: лутина, грижи; ако бакнувате жена: добивка; ако се додворувате на жена: полтрони ќе ве измамат; ако тепате жена: вашата драга ќе ве изневери.

Женидба

Добри вести поврзани со блиска личност.

Женски гради

Бујни: со малку иницијатива ве очекува задоволство; ако бакнувате: неверство.

Жетва

Кога сонувате жетва, тоа значи дека ќе добиете неповолна работа или служба.

Жештина

Ако сонувате жештина ве предупредува да ги намалите вашите желби, нозете ги протегате над должината на чергичето. Бидете внимателни инаку нема да успеете.

Жирант

Ако бидете жирант во сонот значи дека некој ја очекува вашата помош.

Жито

Полно класје: просперитет; празно класје: загуба, болест, тага; ако сеете жито: вашите надежи не се залудни; ако вршите жито: започнатата работа ќе ја завршите успешно, радост во куќата; жнеете/косите: среќа, добивка во куќата; зрело: непријатен настан; зелено жито: радосен настан.

Жнеење

Учествувате во жетва: ќе имате радосна средба; Гледате: расположение, среќа во љубовта, богата награда.

Жолта боја

Кога сонувате жолта боја, тоа е знак дека ќе ја остварите предвидената работа.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg