Жална врба

Term Main definition
Жална врба

Доколку во сон видите жална врба тоа значи дека ве очекува тага во домот.

Што значи да сонувате жална врба?

Ако сонувате дека гледате во жална врба

Ако во сонот гледате жална врба, тоа означува болен губиток. Можеби ќе ве напушти личност која многу ви значи. Тешко ќе биде да го надминете тоа, а единствен мотив ќе ви биде тоа дека тој/таа не би сакал/а да бидете во таква состојба.

Ако сонувате дека сечете жална врба

Ако сонувате дека сечете жална врба, тоа значи дека ќе барате од некого да се смени. Најверојатно не ви се допаѓа ставот на вам близок пријател кој на се сè жали и секогаш успева да го расипе ресположението и на себе и на другите.

Ќе му/и кажете доколку така продолжи, веќе не може да смета на вас.

Ако сонувате дека садите жална врба

Кога во сон садите жална врба, тоа симболизира нова работа. Можно е да прејдете во нова фирма или да започнете нов бизнис. Нема да ви биде лесно, ама ќе ви годи промената поради која ќе се трудите да не ги повторувате грешките кои сте ги правеле на поранешното работно место.

Сонувате дека поливате жална врба

Ако во сон поливате жална врба, тоа ви порачува дека залудно се трудите. Веројатно учите или работите нешто што не го сакате и не ве интересира. Тешко ви паѓаат и наједноставните работи, но немате храброст да ги отфрлите од себе и почнете со нешто што ве исполнува.

Ако сонувате дека собирате гранки од жална врба

Доколку во сон собирате гранки од жална врба, тоа покажува дека некој не ви посветува внимание. Можно е да се работи за личност која ви се допаѓа, но се однесува неозбилно. Не разбирате дека залужувате повеќе па секогаш се враќате на старото иако знаете дека ќе се разочарате.

Сонувате дека сте под крошната на жалната врба

Кога во сон се наоѓате под крошната, тоа значи дека некој ќе ве заштити. Веројатно сте во врска/брак со личноста која се грижи за вас. Никому не дозволува ни попреку да ве погледне што прави да се чувствувате сигурни коа сте во негово/нејзино друштво.

Значењето на сонот може да биде и поедноставно. Доколку во скоро време сте виделе, сечеле, полевале или саделе жална врба, тоа сигурно има оставено впечаток на вас.

Дефиниција за жална врба

Жалната врба е растение од фамилијата Salicaceae.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg