Жаба

Term Main definition
Жаба

Ако видите жаба во вода: изневерување ако сте убиле жаба: ќе претрпите штета, љубомора; ако слушнете дека крека: добри вести; повеќе жаби во бара: ќе имате среќа во работите, пари и радост; мала жаба: среќа; голема жаба: тага, жалост.

Што значи да сонувате жаба?

Ако сонувате дека гледате жаба во вода

Ако во сон гледате жаба во вода, тоа означува измама. Можно е вашиот партнер да ви вети кули и градови ама ништо од тоа нема да го исполни. Кога ќе сфатите за што се работи, ќе биде доцна, затоа што вие ќе го имате исполнето вашиот дел од договорот.

Ако сонувате дека сте убиле жаба

Ако во сон убиете жаба тоа покажува дека ќе бидете љубоморни. Веројатно ќе мислите дека некој се меша во вашата врска, во пријателството или на работното место. Постојано ќе се натпреварувате со саканата личност и ќе се трудите да докажете дека сте подобри од него.

Ако сонувате крекање на жаби

Кога во сон ќе слушнете крекање на жаби, тоа симболизира добри вести. Можно е да направите лекарски преглед и резултатите ќе бидат подобри отколку сте очекувале.  Внимавате на вашето здравје, па ќе се придржувате на советите на вашиот доктор.

Ако сонувате повеќе жаби во една бара

Ако во сон видите повеќе жаби во една бара, покажува дека ќе имате среќа во работите. Веројатно дека ќе бидете посветени на она што го работите и ќе ги добиете очекуваните резултати. Ќе го жртвувате вашето слободно  време, но тоа е цената што морате да ја платите.

Ако сонувате мала жаба

Ако во сон видите мала жаба, тоа значи дека ќе ви се исполни некоја желба. Можно е наскоро да запознаете некој кој ќе ви се допадне, па ќе почнете да се гледате.  Доколку сте во врска/ брак, со партнерот/партнерката ќе се согласувате најдобро до сега.

Ако сонувате голема жаба

Кога во сон ќе видите голема жаба тоа значи дека ќе бидете тажни. Веројатно ќе ве погоди нечија тажна животна приказна па ќе се обидете да помогнете.  Ќе ви биде тешко што секаде се случува неправда и што не сте во состојба на сите да им помогнете и да ги заштитите.

Ако сонувате дека сте бакнале жаба

Ако во сон бакнете жаба, тоа покажува дека не сте површни. Надворешната убавина на вас не ви е битна. Вашиот партнер/партнерка и пријателите ги бирате поради нивните квалитети. Важна ви е суштината а не формата, па заради тоа попрво би биле сами него во лошо друштво.

Ако сонувате дека јадете жабји батаци

Кога во сон јадете жабји батаци тоа покажува дека сакате да експериментирате. Сестрана сте личност која секогаш сака да проба нешто ново. Со леснотија наоѓате заеднички теми со луѓето кои уживаат во вашето друштво.

Значењето на сонот може да биде и поедноставно. Доколку скоро сте виделе, убиле или слушнале жаба тоа може да оставило впечаток на вас.

Дефиниција за жаба.

Жабата е водоземец која нема опашка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg