Изјавување љубов

Term Main definition
Изјавување љубов

Изјавување љубов во сон значи дека ви претстојат пријатни моменти, среќа.

Што значи да сонувате дека изјавувате љубов?

Ако во сон вие некому му изјавувате љубов, тоа укажува дека ви претстојат пријатни моменти. Можно е некој да ви се допаѓа долго време, но не сте биле сигурни дека чувствата се заемни. Конечно ќе се осмелите да го направите првиот чекор и да му/ѝ дадете до знаење што сакате, а одговорот ќе биде токму она на што се надевавте.

Сонување дека некој вам ви изјавува љубов подразбира дека ќе бидете збунети. Може да се случи да дознаете дека личноста која сте ја сметале за пријател во вас гледа потенцијален партнер/партнерка, поради што нема да знаете како да  се поставите кон него/неа. Ќе внимавате на секој збор и движење за да не добие впечаток дека го избегнувате или дека имате скриени намери.

Кога во сон заминувате среде изјавување љубов, тоа значи дека се плашите од одговорност. Вие сте личност која не поднесува обврски и на која хартијата не ѝ значи апсолутно ништо. Ја сакате вашата слобода и не дозволувате никој да ја загрози. Со таквиот став повредивте многу партнери/партнерки, но вашата совест е чиста затоа што од самиот почеток им кажавте како стојат работите.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте изјавиле љубов некому, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за љубов

Љубовта е емоционална наклонетост кон некого или кон нешто.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg