Избори

Term Main definition
Избори

Ако сонувате дека сте поразени на избори можно е да направите голема грешка на работа поради која ќе ви биде многу срам. 

Што значи да сонувате избори/ гласање?

Ако сте заминале на гласање

Ако во вашиот сон присуствувате на гласање, тоа имплицира дека ќе донесете значајна одлука. Можно е во фирмата во којашто работите да дојде до големи промени кои негативно ќе влијаат на сите аспекти. Ќе се најдете во неизвесна ситуација и нема да знаете дали ви е попаметно да истраете малку или да се откажете од се и да побарате друга работа.

Ако гласате за некого  во сонот

Доколку сонувате дека гласате за некој друг човек, тоа укажува дека нема да преземете одговорност. Веројатно сите ви велат дека е крајно време да пораснете и да имате обврски кои се во склад со вашите години.

Меѓутоа, вие повеќе сакате да бидете во сенка и на тој начин да се заштитите од неуспех и разочарување. Лошата страна на оваа особина е што немате многу причини за среќа и што деновите ви поминуваат еднолично и празно.

Ако гласате за себе во сонот

Ако сонувате дека гласате за себе во сонот тоа означува дека ќе ги прецените вашите можности. Вишокот самодоверба ќе ве доведе во ситуација да им ветувате нешта на луѓето кои мислите дека можете да ги исполните, а со кои не те се сретнувале претерано досега.

Тоа ќе ви донесе огромна штета бидејќи сите ќе мислат дека сте неодговорна и непрофесионална личност, па во иднина нема да сакаат да соработуваат со вас.

Ако сонувате дека некој друг гласа за вас

Кога сонувате дека некој друг човек гласа за вас тоа значи дека ќе одбиете соработка со некого бидејќи неговите ставови и идеи се косат со вашите животни начела. Ќе им докажете дека од заработката е поважен образот на човекот. На тој начин ќе си останете доследни на себеси, но паричникот ќе ви остане празен.

Сепак, вие, поради тоа никогаш нема да се покаете, бидејќи ќе се држите до своите зборови и никогаш нема да промовирате нешто во што не верувате и не ветувате нешто што не можете да го исполните.

Ако сонувате дека сте победиле на избори

Доколку сонувате дека сте победиле на избори тоа значи дека на јаве ќе имате социјално или политичко влијание врз другите луѓе. За кратко време ќе стекнете добра репутација благодарение на која многу луѓе ќе ве ценат и ќе го почитуваат вашето мислење и идеи.

На тој начин ќе стекнете одредена моќ со помош на која ќе можете да остварите некои свои планови. Не смеете да дозволите славата да ве удри во глава, па да станете суетни и безобразни, бидејќи на тој начин ќе ја изгубите поддршката која досега сте ја уживале.

Ако сонувате дека сте поразени на избори

Ако сонувате дека сте поразени на избори можно е да направите голема грешка на работа поради која ќе ви биде многу срам. Станува збор за нешто што досега можеби сте  го направиле повеќе од сто пати, но при стои и првиот обид сте направиле грешка. На среќа, ќе знаете како да го исправите тоа, но ќе се срамите од колегите и шефовите кои се упатени во вашиот случај.

Ако сонувате дека сте задоцниле на гласање

Кога сонувате дека сте задоцниле на гласање тоа значи дека ќе пропуштите добра прилика за успех. Можеби ќе одбиете лукративна, но ризична работа или ќе одлучите кариерата сепак да ја градите во местото во коешто живеете, а не во некоја странска земја.

Дури неколку години подоцна ќе сфатите дека сте направиле грешка, но тогаш ќе биде доцна. Во ваквите нешта е значајно да си го слушате разумот и инстинктот, а не само чувствата.

Ако сонувате дека сте исфрлени од гласање

Сонот во којшто сте исфрлени од гласање (избирачко место) го симболизира вашиот проблем со авторитетите. Вие сте личност која цврсто се држи до своите ставови и уверувања и скоро никогаш не дозволува да го убедат во спротивното. Меѓутоа, поради таквото однесување често наидувате во судир со претпоставените.

Без разлика на тоа колку добар, вреден и пожртвуван работник сте, оваа ваша особина може да ве чини работно место.

Ако сонувате дека некого сте исфрлиле од гласање

Ако во сонот некого сте исфрлиле од гласањето (од гласачкото место) тоа значи дека дипломатијата не ви е најјака страна. За вас важи правилото „што на ум, тоа на друм“ и никогаш не го „виткате во украсна хартија“ за да не се навреди некој.

Вашата непосредност не им одговара на сите луѓе, но она што е сигурно е дека пријателот никогаш нема да помисли дека сте неискрени кон него.

Ако сонувате дека ви е забрането да гласате

Кога сонувате дека ви е забрането да гласате можеби ќе се замерите со погрешна личност. Ако направите некој прекршок во сообраќајот, немојте да се расправате со полицијата, бидејќи ќе си направите уште поголем проблем. Дури и ако сметате дека сте во право, постои подобар начин да го докажете тоа отколку преку директен судир со властите.

Ако сонувате дека сте забраниле некому да гласа

Сон во кој вие некому забранувате да гласа ја симболизира вашата потреба да го наметнувате вашето мислење на другите луѓе. Припаѓате на група на луѓе која секогаш има коментар на секоја ситуација, настан или проблем. Честопати давате ваши совети иако тоа никој не го бара од вас. Размислете добро за вашето однесување и обидете се да ја промените оваа ваша навика бидејќи е многу иритантна.

Ако сонувате дека сте се скарале во текот на гласањето

Ваквиот сон е последица на некои кавги и расправии на јаве. Веројатно сте дошле во судир со тврдоглава личност. Секој од вас силно посакувал да биде во право, па тоа се претворило во мала „војна“. Сето тоа ви оставило силен впечаток кој сте го пренеле на сон. Поуката од сето ова е дека за вкусовите, политиката и верата не треба многу да се расправа.

Ако сонувате дека сте се степале за време на гласање

Доколку сонувате дека сте се степале за време на гласање значи дека конечно ќе ги доживеете вашите пет минути слава. Меѓутоа, тогаш луѓето нема да успеат да ве забележат преку вашата интелигенција, знаење и таленти, туку дека вашата непромислена изјава ќе стане вистински хит на интернет.

Ќе си помислите дека животот ви бил многу подобар кога сте си биле анонимни. На ваша среќа, луѓето како и се останато многу бргу умеат да забораваат.

Ако сонувате дека го контролирате гласањето

Сонот во кој вие сте член на избирачкиот одбор е порака дека дошло време подетално да ги согледате можностите кои ви се нудат на располагање. Истите обично се однесуваат на успех во деловниот живот, а не е исклучено ниту дека се вклучени и емоциите, а особено ако во моментот ви се допаѓаат две личности, а не можете да одлучите која да ја одберете.

Немате баш многу време да донесете одлука којашто би можела да влијае врз остатокот на вашиот живот, затоа добро размислете и едноставно пресечете.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте оделе да гласате, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg