Тенк

Term Main definition
Тенк

Гледање тенк во сон значи да не се расправате со некој посилен од себе.        

Што значи да сонувате тенк?

Ако сонувате дека гледате тенк

Ако во сон гледате тенк, тоа подразбира да не се расправате со некој посилен од себе. Можно е да не водите сметка кому што му зборувате, поради што некој од претпоставените ќе ве земе на пик.

Ќе се обидете да се оправдате, но тешко ќе го поправите лошиот впечаток што го оставивте.

Ако сонувате дека возите тенк

Доколку во сон возите тенк, тоа означува добивка. Може да ве унапредат и да имате поголема плата од порано. Конечно ќе можете да спроведете во дело бројни планови и да се почестите со заслужен одмор.

Ако сонувате дека некој вози тенк

Кога во сон некој вози тенк, тоа значи дека односната личност ќе ве испровоцира. Веројатно ќе му пречите некому од околината, па нема да се двоуми да ви го покаже тоа.

Ќе се обидете отворено да разговарате со него/неа, но ќе сфатите дека се работи за некој што го мрази целиот свет до пладне, а од пладне и самиот себеси.

Ако сонувате дека поправате тенк

Ако во сон поправате тенк, тоа укажува дека ќе имате тешка задача. Вие на сите им  изгледате сериозно и одговорно, поради што тие ви доверуваат тајни и бараат совети што ви одземаат многу време.

Се обидувате да им помогнете на сите, но луѓето честопати немаат чувства и не сфаќаат дека и вие имате приватен живот.

Ако сонувате дека некој поправа тенк

Доколку во сон некој поправа тенк, тоа подразбира дека ќе имате забелешки. Вие сте личност која смета дека сè умее најдобро да направи, па затоа им се мешате во работата на другите.

Вие сте во секоја чорба зачин, поради што многумина избегнуваат да соработуваат со вас.

Ако сонувате дека пукате од тенк

Кога во сон пукате од тенк, тоа значи дека сте внимателни. Можно е да сте имале лоши искуства со луѓе, поради што честопати не успевате да се опуштите во друштво.

Се плашите дека некој ќе ве исмејува, па веднаш преминувате во напад, кој е ваша најдобра одбрана.

Ако сонувате дека стоите пред тенк

Ако во сон стоите пред тенк, тоа подразбира дека ќе се борите за вашите права. Веројатно некој на работа или дома ќе се обиде да ви ги ускрати, но вие нема да попуштите. Ќе останете доследни на себе, без оглед на проблемите кои ќе ги имате.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе тенк во живо или на телевизија, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за тенк

Тенк е оклопно воено возило кое служи за уништување на непријателот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg