Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Тропање |
Слушање тропање во сон означува дека ќе добиете вознемирувачки вести. |
| Тротоар | Ако сонувате нерамен тротоар, ова е знак за неволја која ќе ве спречи во остварување на целите. |
| Трпеза | Полна трпеза во сон значи дека ќе добиеш покана за банкет. |
| Трпезарија | Ако сте сонувале трпезарија може да очекувате спокој и задоволство во семејството. |
| Трска | Гледање трска во сон предупредува дека ќе се караш со пријател. |
| Труба | Сонување труба значи дека ви претстојат љубовни проблеми и јадови. |
| Трупка (репка) | Гледање трупка во сон предупредува дека ќе имате штета поради озборувања, јадење трупка во сон значи дека ги избегнувате своите обврски, а нивното корнење ќе се срамите без потреба. |
| Тужба | Сонување дека сте тужен предупредува на грижи, болести, проблеми што те очекуваат. |
| Тули | Ако видите тули на сон значи дека ве чека период исполнет со среќа, несреќа, грижа, тешка работа. |
| Тунел | Гледање тунел во сон предупредува дека ќе се открие тајната што љубоморно ја чуваш. |
| Туристички водич | Ако сонувате водич значи дека ве очекуваат интересни нови можности. |
| Турканица | Турканица на сон може да означува добивка. |
| Турнир | Турнир на сон означува шанса да ги покажете и докажете вашите квалитети. |
| Турпија | Сонување турпија значи дека ти недостасува поголема упорност и храброст, ќе слушнеш непријатни вести. |
| Туршија | Туршија на сон означува финансиски проблеми. |
| Тутун | Ако видите тутун на сон тоа значи дека понекогаш заборавате; ако го берете значи успех во работата; ако го пушите во сон предупредува да се оттргнете од непозната жена. |
| Туширање (туш) | Можеби сте во процес да си простите за нешто што сте го направиле, а сонот е симбол на расчистување на таа вина. |
