Труба

Term Main definition
Труба

Сонување труба значи дека ви претстојат љубовни проблеми и јадови.

Што значи да сонувате труба?

Ако сонувате дека гледате труба

Ако во сон гледате труба, тоа подразбира дека ви претстојат љубовни проблеми. Можно е вашиот партнер/ка и вие ретко да се гледате поради обврски, но и тогаш се карате.

Честопати се прашувате каде води сето тоа, но не се осмелувате да преземете нешто затоа што се плашите дека ќе зажалите.

Ако сонувате дека слушате труба

Доколку во сон слушате труба, тоа значи дека некој ќе ве критикува. Веројатно во  околина имате личност која на секому нешто му замерува.

Не го/ја сфаќате сериозно, па сè што тој/таа ќе ви каже влегува во едното уво и излегува од другото.

Ако сонувате дека свирите на труба

Кога во сон свирите на труба, тоа укажува дека уживате во својата работа. Вие сте една од ретките личности што го сака тоа што го работи, па станувањето рано, патот до фирмата итн. не ви паѓаат тешко.

И покрај тоа што сте завршиле училиште /факултет, имате намера да продолжите да учите и да се усовршувате.

Ако сонувате дека некој друг свири на труба

Ако во сон некој друг свири на труба, тоа означува дека имате неисполнети желби. Можно е да не сте задоволни со некој избор, и кога би можеле да го вратите времето, би постапиле поинаку.

Сметате дека е премногу доцна за вас и дека би било лудо да започнете од почеток, поради што тапкате во место и ги обвинувате другите за лошата судбина.

Ако сонувате дека сте купиле труба

Доколку во сон купите труба, тоа значи дека ќе ја смените работата. Може да се случи да ви се укаже подобра можност што нема да сакате да ја пропуштите.

Нема да ви биде сеедно и ќе се плашите од непознатото, но вашето мото ќе биде изреката  дека секој што ризикува, профитира.

Ако сонувате дека сте добиле труба

Кога во сон ќе добиете труба, тоа подразбира дека ќе бидете незадоволни. Веројатно сметате дека блиска личност не ве слуша и го прави само она што му/ѝ одговара.

Ќе имате чувство дека ве прашува за некои работи чисто од култура и дека не се труди да го запомни вашиот одговор и мислење.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, слушале, свиреле, купиле или сте добиле труба, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за труба

Трубата е лимен дувачки инструмент кој произведува највисоки тонови во тоа семејство на инструменти.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg