Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Тигар


Гледање тигар во сон значи дека во својата околина имате љубоморни луѓе.

Тиква

Ако јадете тикви во сон значи дека желбите нема да ви се исполнат.

Тим

Ако на сон сте дел од некој тим, на јаве исто така означува делење на обврските и одговорностите со некого.

Титула

Ако на сон добивате некаква титула, тоа значи дека постои сомневање во вашата професионалност.

Тишина

Тишина на сон означува вознемирување во реалноста.

Тоалет (wc)

Ако сонувате тоалет предупредува на озборување.

Топ

Гледање топ во сон означува дека ти следува кавга, страв, немаштија.

Топка

Играте со топка: беда, кавга; гледање топка: ќе доживееш мали радости.

Топола

Топола во сон е знак дека си опкружен со среќа на јаве.

Торба

Полна: не биди вообразен; празна: мисли малку и за утре; нова: ќе добиеш поволни  вести; училишна: мора малку да се потрудиш за да успееш.

Тореадор

Ако сонувате тореадор, ќе наидете на опасен човек во секојдневието.

Торнадо

Торнадо на сон обично се поврзува со некој немир кој го чувствувате во реалноста. Овие сонови ги имаме кога сме исплашени или под стрес. 

Торта

Добивање торта: радост; подарување: неизвесност во љубовта; јадење: ќе учествуваш на гозба или на пијанка.

Тост

Ќе остварите брз напредок на професионален план.

Точка

Ако сонувате точки, тоа значи дека ќе најдете соодветен начин за да се соочите со некој проблем кој ве мачи подолго време.

Трага

Ако сонувате дека следите некои траги, тоа значи дека на работното место се движите во вистинска насока. 

Трагедија

Трагедија на сон означува среќен период. 

Траект

Можно е да донесете одлука да се преселите.

Трактор

Гледање: неочекуван приход. Возење: ќе се помачите да заработите пари.

Трамвај

Гледање трамвај во сон значи дека си опкружен со неискрени личности на јаве.

Трафика

Ако на сон нешто купувате во трафика, ве очекува здодевен период. 

Трговски центар

Ако сонувате шопинг во трговски центар, тоа може да бие знак дека сакате да пронајдете нов правец во животот.

Трева

Зелена: страв, беда; сува: ќе изгубиш пријател; искосена: пријател ќе се разболи; корнење трева: болест.

Трезор

Ако сонувате трезор или сеф, ова значи дека криете нешто важно или вредно за вас. 

Тренер

Ако сонувате тренер, ова значи дека мора да бидете подисциплинирани и организирани.

Триумф

Триумф на сон означува дека имате потреба од повеќе учење и знаење.

Трка

Трчање сам: успешно ќе ги совладаш сите тешкотии, добивка; гледање трка: не занемарувај ги секојдневните обврски; да сакате, но да не можете да трчате во сон: ќе имаш многу препреки до конечниот успех.

Тркало

Сонување дека тркало се врти означува брз успех, просперитет; закочено тркало е знак за болест, кавга на јаве; скршено значи неспокој.

Трн

Ако видите трн во сон значи дека сте во погрешно друштво.

Трње

Сонување дека газите трње предупредува дека некој ќе ве понижи; паѓање во трње: необично љубовно доживување; бодење на трње: незгода, опасност.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg