Торнадо

Term Main definition
Торнадо

Торнадо на сон обично се поврзува со некој немир кој го чувствувате во реалноста. Овие сонови ги имаме кога сме исплашени или под стрес. 

Што значи да сонувате торнадо? 

Ако сонувате како торнадо доаѓа, а вие сте во близина

Ако сте сонувале дека гледате како надоаѓа торнадо, тогаш време е да престанете да ги криете „под тепих“ проблемите. Нема да се решат сами. Времето овојпат не ви е сојузник, туку напротив, непријател. 

Ако сонувате дека слушате звук на торнадо, а не го гледате

Кога сонувате како слушате торнадо, а не можете да процените од каде доаѓа, тоа е знак дека во следниот период може да ве очекува потполно непредвидлива ситуација. Веројатно нема да се снајдете најдобро во истата. Ако побарате совет од личност на која и верувате, полесно ќе ја поминете кризата.

Ако сонувате дека се криете од торнадо

Криење од торнадо на сон укажува дека треба да ги ревидирате плановите, затоа што дел од нив се сосема нереални. Може ви се чини дека сте успеале во краток рок да постигнете повеќе од замисленото, но, може да се разочарате.

Ако сонувате дека торнадо уништува сѐ пред себе

Овој сон укажува дека е време да се помирите сами со себе. Некои грешки од минатото не можете никако да ги заборавите. Се каете за нешто што сте пропуштиле да направите. Почнете да се цените повеќе. Кога се ставате себе си на прво место, повеќе љубов ќе може да им дадете и на другите и ќе бидете поуспешни во она што го правите.

Ако сонувате како торнадо носи луѓе пред себе

Ќе бидете во можност да помогнете некому. Проверете дали вашата хуманост на крајот на денот ќе се исплати.

Ако сонувате дека торнадо ве носи вас

Ако сте сонувале дека торнадото ве носи и вас, тоа е знак дека не треба да се изложувате на преголем ризик. Она што сте наумиле да го направите, би можело да ви донесе повеќе штета отколку корист. Сакате да верувате дека целиот свет е против вас и дека заради тоа не можете да напредувате. Вистина е дека ништо не сте научиле од грешките кои сте ги правеле до сега.

Ако сонувате дека торнадо го уништило вашиот дом

Ако сте сонувале дека торнадо го уништило вашиот дом, тоа значи дека во блиска иднина ќе ви се случат некои поголеми промени. Може ќе добиете отказ или ќе пронајдете нова работа. Постои м ожност да мора да се преселите во друг стан или град или да стапите во брак. 

Ако сонувате дека торнадо го уништило вашиот град 

Кога сонувате дека торнадо го уништило вашиот град тоа имплицира на проблеми на работното место. Можно е причина да бида трачеви меѓу колегите кои се обидуваат да ве дискредитираат или да ве спречат во напредувањето. Чувајте се од сплетки и интриги. Избегнувајте ги лицата во кои немате доверба. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg