Трн

Term Main definition
Трн

Ако видите трн во сон значи дека сте во погрешно друштво.

Што значи да сонувате трн?

Ако видите трн во сон

Ако во сон видите трн, тоа подразбира дека сте во лошо друштво. Можно е во  претходниот период да сте преживеале тешки ситуации, по што едноставно ќе сакате да се опуштите и да заборавите на проблемите. Ќе запознаете луѓе кои ќе ви изгледаaт многу интересни и по краток временски период ќе ги сметате за вистински пријатели.

Тие ќе се обидат да ја злоупотребат вашата доверба и да ве искористат за да го постигнат она што го сакаат. Во почеток, ќе ви пружат безусловна поддршка и разбирање, но полека ќе ги увидите нивните намери и ќе сакате да се оддалечите од таквите луѓе.

Ако се боцнете на трн

Кога сонувате дека сте се боцнале на трн, тоа ги симболизира вашите нови погледи на светот. Порано бевте премногу искрени и верувавте дека сите ви посакуваат добро. Многупати поради тоа сте биле повредени и сте наидувале на луѓе кои едвај чекаа да ви подметнат нога и да ве спречат да го остварите она што го сакате.

Таквите искуства ве направија недоверливи кон секој што сака да ви пријде и да стане дел од вашиот живот. Тешко ќе склопувате нови пријателства и во врска ќе ви треба долго време да ги покажете своите чувства. Многумина ќе се откажат од овие причини, но тој што навистина ве сака ќе истрпи сè за да биде со вас.

Ако некој друг се боцне на трн

Доколку сонувате дека други се боцнале на трн, тоа значи дека сте загрижени за некој што ви е многу драг. Веројатно сте дознале дека некој од вашите пријатели има многу сериозни здравствени проблеми. Вие би сакале да му/ѝ помогнете, но не знаете како. Сепак, ќе сфатите дека најважно е да му/ѝ бидете поддршка.

Ако сонувате круна од трње

Кога сонувате дека носите круна од трње, тоа значи дека ќе одлучите да се жртвувате себеси заради туѓа среќа. Доколку имате деца, веројатно се трудите да им обезбедите сè она што некогаш вам ви недостасувало.

Од друга страна, можно е да имате потреба туѓата среќа да ја подредите на својата, за да ги задржите луѓето што ги сакате. На долг рок, ваквото однесување е многу штетно за вас. Сфатете дека понекогаш мора да си удоволите и себеси.

Ако сонувате бодликава жица

Доколку во сон видите бодликава жица, потсвеста ви кажува да се дистанцирате што е можно поскоро од лицето кое ве гуши или сака да ви го наметне своето мислење. Веројатно се работи за постар член на вашето или на семејството на вашиот партнер, кој е навикнат сите да го слушаат.

Ќе биде потребно некое време да го постигнете она што го сакате, но мора да бидете подготвени на тоа дека многумина повеќе нема да ве гледаат со истите очи.

Ако сонувате бодликаво прасе

Ако сонувате бодликаво прасе, тоа значи дека се чувствувате ранливо. Можно е во блиското минато да сте доживеале многу непријатни ситуации. Сфативте дека некои луѓе се обидоа да ве искористат. Сега сте многу повнимателни и многу е тешко да им верувате на другите. Ќе мора да прифатите дека е потребно време да се „излекувате“, само треба да верувате дека тоа е можно.

ТОЛКУВАЊЕТО НА ВАКВИТЕ СОНИШТА ЗАВИСИ ОД КОНТЕКСТОТ ВО КОЈ СОНОТ СЕ ОДВИВА, И ДЕТАЛИТЕ И ЧУВСТВАТА ШТО ГО СЛЕДАТ

Ако сонувате дека трн останал заглавен во вашето тело, тоа значи дека вашиот љубовен живот е во криза. Доколку сте во врска или брак, веројатно чувствувате потреба да се дистанцирате од партнерот. Размислете кои се причините за ова,  дали сте разочарани или тоа е само минлива фаза. Разговарајте со својот партнер и, ако се грижите за вашата врска, потрудете се таа да опстане.

Доколку сте долго време без партнер, ваквиот сон симболизира сексуална фрустрација. Ви недостасува интимност, и иако сами си одрекувате, потсвеста не ви дозволува да се ослободите од тоа чувство. Можеби треба да ја спуштите скалата  на очекувања и да им дозволите на луѓето да ви се приближат.

Кога сонувате дека се обидувате да отстраните трн од некој дел од телото, тоа значи дека имате тајна што би сакале да ја споделите со некого. Меѓутоа, се плашите од реакцијата на околината затоа што евентуалната осуда на луѓето што ги сакате целосно би ве скршила. Од друга страна, понекогаш ви се чини дека повеќе не можете да издржите и дека мора да го споделите тој товар со некого. Сигурно имате личност во вашата непосредна околина на која можете да се доверите. Ако тој/таа ве осуди, барем ќе знаете на што сте.

Ако во сон се обидувате да отстраните трн од прстот, раката, стапалото или некој друг дел од телото на личност што ја познавате, потсвеста ве предупредува да престанете да се мешате во неговиот/нејзиниот живот. Се работи за некој за кој толку многу се грижите. Затоа се трудите да му/ѝ помогнете, а при тоа не гледате дека сте претерале. Запомнете дека секој треба сам да донесува одлуки. Можете да советувате, но не смеете да го наметнувате своето мислење.

Доколку, пак, во сон се обидувате да отстраните трн од непозната личност, можно е да сретнете некој што ќе ве импресионира. Тој/таа веројатно ќе го промени вашиот живот. Со своите ставови и начин на размислување едноставно ќе ве маѓепса. Кај помлади луѓе можна е и љубовна врска, а кај постарите пријателство за цел живот.

Кога сонувате дека облеката ви е покриена со трње, тоа значи дека непромисленоста ќе ве доведе до голема неволја. Преку невнимание ќе добиете опасни непријатели. За вас, тоа ќе биде неважен потег на почетокот, а за нив, повод да ви се одмаздат. Бидете внимателни кога контактирате со работодавците или конкурентите во бизнисот. Потрудете се да ги искажете своите ставови дипломатски и не донесувајте одлуки во афект.

Ако сонувате дека сте паднале во трње на жива ограда, тоа укажува на љубомора или завист. Можно е да ви недостига внимание во приватниот живот. Ви се чини дека партнерот не покажува наклонетост како од почетокот на врската. Поради тоа  сте станале сомнителни и ви пречи кога тој/таа ќе одлучи да помине време без вас. Сепак, не е во ред веднаш да го/ја обвинувате за прељуба. Можеби му е потребно  малку време за себе.

Ваквиот сон може да се однесува и на деловниот живот. Ако сонувате дека сте паднале во трње, тоа значи дека се плашите оти некој од колегите би можел да ви го  „украде“ работното место. Ви се чини дека тој/таа постигнува сè подобри и подобри резултати на „заобиколен начин“ и со тоа го загрозува вашиот бизнис. Ќе мора и вие да ја смените тактиката.

Значењето може да биде многу поедноставно. Ако на јаве сте доживеале нешто од горенаведеното, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за трн

Трн е остар израсток што може да повреди или да раскрвави дел од телото што ќе дојде во контакт со него.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg