Трева

Term Main definition
Трева

Зелена: страв, беда; сува: ќе изгубиш пријател; искосена: пријател ќе се разболи; корнење трева: болест.

Што значи да сонувате трева?

Ако сонувате дека гледате зелена трева

Ако во сон гледате зелена трева, тоа означува страв. Можно е да имате фобија што ве спречува да функционирате нормално.

Многу секојдневни активности ќе ѝ подредите на неа, но нема да им кажувате на другите за што станува збор, поради што ќе мислат дека сте чудни или незаинтересирани.

Ако сонувате сува трева

Доколку во сон гледате сува трева, тоа подразбира дека ќе изгубите пријател. Веројатно со текот на времето ќе се оддалечите и ќе престанете да одржувате контакт.

Често ќе ви недостасува, но ќе бидете тврдоглави и нема да сакате да бидете прв кој ќе му/ѝ се јави.

Ако сонувате косена трева

Кога во сон гледате косена трева, тоа предупредува дека ваш пријател ќе се разболи. Можно е да забележите дека не е ист како порано, поради што ќе инсистирате да ви каже што му/ѝ е. Ќе се трудите да бидете покрај него/неа во најтешките моменти и да го/ја храбрите да продолжи да се бори.

Ако сонувате дека корнете трева

Ако во сон корнете трева, тоа означува болест. Може да се случи да настинете во незгоден момент. Ќе имате многу обврски, па нема да можете да ја прележите настинката, поради што ќе чувствувате последици во иднина.

Ако сонувате висока трева

Доколку во сон гледате висока трева, тоа укажува дека ќе патувате. Веројатно ќе го споите убавото и корисното за да уживате во службено патување.

Ќе видите многу знаменитости и убави места за кои можевте само да мечтаете.

Ако сонувате дека јадете трева

Кога во сон јадете трева, тоа симболизира здравје. Вие сте личност која се грижи за својот изглед и затоа консумирате намирници кои помалку дебелеат.

Одамна се откажувавте од брзата храна и многу сте горди на себе поради таа одлука.

Ако сонувате дека се тркалате по трева

Ако во сон се тркалате по трева, тоа значи дека ќе се чувствувате добро во својaта кожа. Во наредниот период ќе бидете задоволни од ситуацијата на деловен и љубовен план, па едвај ќе чекате да се раздени нов ден за да го направите она што ве интересира и да поминете време со саканата личност.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, коселе, газеле, јаделе, корнеле или сте се тркалале по трева, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за трева

Трева е назив за монокотиледони растенија кои имаат тесни лисја и растат од подземно стебло.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg