Топола

Term Main definition
Топола

Топола во сон е знак дека си опкружен со среќа на јаве.

Што значи да сонувате топола?

Ако сонувате дека гледате топола

Ако во сон гледате топола, тоа укажува дека размислувате позитивно. Вие сте личност која се обидува да го извлече најдоброто од луѓето и не ги потсетувате на работите што би сакале да ги заборават.

Тргнувате од фактот дека сите се добри и тешко е да ве налутат или разочараат.

Ако сонувате дека седите под топола

Доколку во сон седите под топола, тоа значи дека сте задоволни. Вие сакате да бидете сами затоа што тогаш имате можност да го преиспитате она што сте го постигнале или што сè уште имате намера да го правите.

Се трудите да бидете во мир со себе затоа што сметате дека тоа е основа за добри односи со другите.

Ако сонувате како некој седи под топола

Кога во вашиот сон други седат под топола, тоа подразбира дека ќе повредиш некого. Може да се случи некој да ви изјави љубов, но бидејќи вие не чувствувате исто, ќе го/ја одбиете.

Нема да ви биде пријатно, но ќе сметате дека е најдобро за сите да бидете директен и да ја кажете вистината.

Ако сонувате дека садите топола

Доколку во сон садите топола, тоа укажува дека ќе направите нешто корисно. Вие сте многу хумана личност и сакате да им помагате на другите луѓе. Често се пријавувате да волонтирате и највредната плата што ја добивате е сознанието дека сте придонеле некому да му биде малку подобро.

Ако сонувате дека некој сади топола

Доколку во сон други садат топола, тоа значи дека некој ќе се обиде да ви се приближи. Тој веројатно ќе сака да се дружи со вас, но вие нема да бидете расположени да склопувате нови пријателства.

Нема да прифаќате покани за прошетки, излети и сл. надевајќи се дека односната личност ќе сфати што му/ѝ  порачувате со тоа.

Ако сонувате дека сечете топола

Кога во сон сечете топола, тоа означува раскинување на врска или пријателство. Можно е блиска личност да ве повреди и повеќе да не сакате да бидете во контакт со него/неа.

Ќе ви биде полесно да заминете без збор затоа што ќе се плашите дека  ќе може да ве наговори да му/ѝ дадете втора шанса.

Ако сонувате дека некој сече топола

Ако во сон некој сече топола, тоа подразбира дека ќе се борите против неправди. Можеби ќе бидете член на друштво за заштита на животни или некоја слична организација.

Ќе сакате да ја разбудите свеста на луѓето, но честопати ќе се соочувате со оние кои немаат намера да се менуваат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте саделе или сте исекле топола, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за топола

Тополата е листопадно дрвенесто растение од фамилијата врби.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg