Тиква

Term Main definition
Тиква

Ако јадете тикви во сон значи дека желбите нема да ви се исполнат.

Што значи да сонувате тиква?

Толкувањето зависи од деталите кои ги има во сонот. Доколку сонувате тикви во нива тоа симболизира среќа и просперитет. Во наредниот период многу работи ќе ви одат од рака. Ќе имате успех на работа, а ќе бидете многу задоволни и со емотивниот живот. Најважно од сè, ќе чувствувате дека партнерот и семејството ве поддржуваат и веруваат во тоа што го работите.

Ако видите тикви на маса толкувањето е спротивно. Колкав и да постигнете успех, нема да бидете задоволни. Постојано ќе мислите дека можете да направите нешто подобро и повеќе. Во таа трка ќе изгубите допир со оние кои ви се најблиски, затоа, застанете за момент и запрашајте се кои ви се приоритетите.

Ако сонувате дека гледате тикви

Ако во сон гледате тикви, тоа е предупредување да бидете внимателни во изборот на животниот партнер. Можно е лесно да се вљубувате и за секоја врска да мислите дека е вистинска. Не умеете да ги проценувате луѓето поради што често сте биле повредувани, а вашите очекувања изневерувани.

Ако сонувате дека садите тикви

Доколку во сон садите тикви, тоа подразбира дека ќе имате проблематично друштво. Веројатно, и покрај годините, ќе се однесуваат како незрели тинејџери и ќе мора да ги извлекувате од проблеми кои сами си ги предизвикале. Многу пати ќе кажете дека тоа не ви е потребно во животот, но нема да имате срце да ги оставите на цедило.

Ако некој друг сади тикви во сон

Ако сонувате дека некој друг сади тикви, можно е пријател да ви бара совет во врска со важна животна одлука. Ќе се потрудите да му помогнете, но нема да ја пропуштите приликата да му кажете дека одлуката сепак мора да донесе сам/сама. Со тоа ќе се обидете да се заштитите доколку се излезе дека погрешно сте го/ја посоветувале.

Ако садите тиквици

Кога во сон садите тиквици тоа значи дека сте наивни затоа што верувате дека сите луѓе кои ги познавате се добронамерни и искрена спрема вас. Тоа што вие се трудите да бидете такви, не значи дека треба да живеете во уверување дека и остатокот од луѓето од вашето опкружување размислува на ист начин.

Немојте своите тајни, идеи и планови да ги кажувате на сите, туку само на оние за кои сте сосема сигурни дека ви посакуваат добро. Во блиска иднина ќе се покаже кој каков е, па би можеле да се покаете поради својата наивност.

Ако сонувате дека некој друг сади тиквици

Кога во сон некој друг сади тиквици, тоа значи дека некој нема да ве послуша. Врз основа на искуството можете да предвидите многу случувања, но луѓето ви се обраќаат за помош дури кога ќе им се случи она на што сте ги предупредувале. Тогаш не ви преостанува ништо друго туку да ги потсетите дека веќе сè сте им рекле.

Ако сонувате како берете тиква

Ако во сон берете тиква, тоа укажува дека ќе штедите. Вие сте многу економични и главно купувате работи кои се на акција. Се обидувате да сочувате некој денар за „црни денови“ поради што многумина во опкружувањето ве сметаат за циција.

Ако сонувате дека јадете тиква

Доколку во сон јадете тиква, тоа означува болест. Може да се случи да не се чувствувате добро поради што лекарот ќе ви препише посебна исхрана. Нема да ви биде сеедно па ќе се трудите сè да испочитувате. Ќе усвоите некои корисни навики за што побрзо да ви биде подобро.

Ако сонувате дека подготвувате јадење со тикви

Кога во сон подготвувате јадење со тикви, тоа значи дека ќе угостите некого. Вие сакате да готвите за пријатели и секогаш се трудите да ги израдувате со нови специјалитети. Имате малку слободно време па се трудите квалитетно да го поминете и во добро друштво.

Семки од тиква

Ако во сон гледате семки од тиква, тоа ја подразбира вашата моќ да ги наведете другите луѓе да ги задоволат вашите желби и потреби. Често ви се чини дека сте во состојба да изманипулирате секого за да постигнете некоја своја цел. До сега тоа и ви поаѓало од рака, меѓутоа не би требало да го злоупотребувате тој свој „талент“.

Ако јадете семки од тиква во сон

Ако во сон јадете семки, тоа укажува на нервоза и лошо расположение. Веројатно ви се случила некоја стресна ситуација или сте загрижени поради лошата финансиска состојба, па со така негативни мисли сте отишле во кревет. Обидете се да ја намалите дозата на стрес, затоа што оваа количина која моментално ја чувствувате може да биде погубна по вашето здравје.

Ако други јадат семки

Сон во кој гледате други како јадат семки од тиква значи дека на себе ќе преземете обемна и одговорна работа. Ќе сметате дека сте доволно компетентни да ја  направите и нема да барате помош. Меѓутоа, ќе се доведете во ситуација да го „пробиете“ зацртаниот рок, што ќе ви ја наруши самодовербата. Време е да го занемарите своето его и да побарате помош од колегите, во спротивно поради суетата би можеле да излезете несериозни и неодговорни.

Ако окопувате тикви

Доколку сонувате дека окопувате тикви, тоа значи дека залудно се надевате дека некој ќе ги препознае вашиот труд и работа. Сте си дозволиле себеси да ве „земаат здраво за готово“ затоа што секогаш го вложувате својот максимум во сè што работите. Затоа сте станале „џокер“ кого сите го викаат кога им треба некоја помош. Често на штета на своето драгоцено време им правите на другите услуга. После ви е жал затоа што не ви се ни заблагодаруваат. Токму тоа е доволен знак да престанете да се потчинувате и да научите да кажете „жал ми е, навистина не можам“, „не сакам“ или „немам време“.

Ако во вашиот сон некој друг окопува тикви, тоа укажува на хроничен недостиг на  слободно време. Премногу обврски сте презеле на себе, па воопшто не стигнувате да се одморите. Ќе морате тоа да го промените затоа што вашето тело ќе почне да трпи поради премореност.

Ако сечете или лупите тиква

Кога во сон сечете или лупите тиква тоа значи дека морате да поведете сметка за тоа каде и како ги трошите своите пари. Чувствувате дека, колку и да заработувате, секогаш нешто недостига. Причина за тоа е што барањата веќе наголемо ги надминале количината на средства со кои располагате. Размислете за тоа дали ви се навистина потребни сите работи за кои копнеете или е тоа начин да излечите некои комплекси.

Пита од тиква

Доколку во сон гледате пита од тиква, тоа подразбира дека ќе запознаете многу интересна личност. Брзо ќе ве маѓепса не само со изгледот туку и со начинот на размислување. Сепак, неговиот/нејзиниот супериорен став ќе ве плаши и ќе ви треба многу храброст да му/ѝ пријдете. Ако сепак успеете да го „пробиете ѕидот“ кој околу себе го изградил/ла за да се заштити, ви претстојат многу убави заеднички моменти. Затоа, немојте да се откажувате!

Чорба од тиква

Чорба од тиква укажува на тоа дека нема да си ги исполните сопствените очекувања. Сте имале план како во одреден рок да завршите некои животни планови. Сепак, објективните околности ве спречиле во тие намери. Меѓутоа, вие тоа сте си го препишале на сопствена неспособност. Премногу сте самокритични и тоа не може да ви помогне во остварување на некои идеи. Намалете ги очекувањата, па сè ќе тргне по свој тек.

Сок од тиква

Ако сонувате сок од тиква, тоа значи дека со својот шарм ќе освоите личност која долго ви се допаѓа. Сте се обидувале да му/ѝ се приближите дружејќи се со исти луѓе и сте успеале да започнете прекрасно пријателство. Меѓутоа, намерите од ваша страна се малку поинакви, па ќе се потрудите неговите/нејзините чувства кон вас да се сменат.

Тиква како украс

Сонувањето тиква која е украсена како за Ноќ на вештерките, означува дека сте невнимателни. Живеете брзо и често не размислувате за последиците од вашите постапки. Сакате да ризикувате и сте навикнале да не сносите одговорност за она што го работите. Доколку продолжите така да се однесувате, голема е можноста тоа да ви се удри од глава.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте саделе, сте береле или сте јаделе тикви, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за тиква

Тиквата е едногодишна билка ползавец од фамилијата тикви.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg