Телеграма

Term Main definition
Телеграма

Ако на сон сте примиле телеграма со добри вести, ова симболизира среќа. 

Што значи ако сонувате телеграма?

Ако сонувате дека сте примиле телеграма со добри вести

Ако на сон примите телеграма со добри вести тоа означува среќа. Можно е да имате причина за веселење затоа што се ви оди од рака. Ќе бидете добро расположени и ќе зрачите со позитивна енергија. Пријателите едвај чекаат да бидат во ваше друштво.

Ако сонувате дека сте примиле телеграма со лоши вести

Ако на сон примите телеграма со лоши вести, тоа имплицира дека некој во вашата блиска околина ќе се разболи. Веројатно станува збор за личност со која во минатото сте биле блиски и која ви останала во добро сеќавање. 

Ако сонувате дека сте пратиле телеграма

Ова е совет да не избрзувате со одлуките. Многу сте нестрпливи и постапувате онака како што мислите во истиот момент. Подобро е да калкулирате пред да реагирате.

Ако сонувате дека сте предале телеграма некому

Ако на сон предавата телеграма, тоа означува немир во домот. Може да бидете во лоши односи со семејството, но не значи и дека ќе се скарате. Имате впечаток дека им пречи се што правите.

Ако на сон криете телеграма

Ако на сон криете телеграма, ова значи дека се плашите од некого. Можно е да сте направиле грешка на работното место и се обидувате да ја исправите.

Ако сонувате како некој чита телеграма

Вие сте љубопитна личност. Немојте да трачарите премногу. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg