Тапан

Term Main definition
Тапан

Ако слушнете тапан на сон тоа значи дека некој ќе ја искористи вашата искреност; недоразбирања, кавги.

Што значи да сонувате тапан?

Ако сонувате тапан

Ако на сон видите тапан, тоа предупредува на расправија. Може да се случи да дојде до судир со ставовите на партнерот или со пријателите, што на почетокот нема да има изглед на расправија.

Ако продолжите по тој тек, ќе сфатите дека имате различни погледи на свет и цели кои би сакале да ги остварите во иднина.

Ако сонувате дека слушате тапан

Кога сонувате дека слушате тапан тоа имплицира дека ќе бидете предмет на озборувања. Веројатно некој разгласува трачеви за вас кои имаат за цел да ве прикажат во најлошо можно светло и да го расипат мислењето кое луѓето од опкружувањето го имаат за вас.

Ќе ви биде напорно секојдневно да објаснувате што е вистина, бидејќи знаете дека оние кои ве познаваат никогаш не би поверувале во злонамерни коментари.

Ако свирите или удирате во тапан на сон

Ако сонувате дека свирите тапан тоа значи дека некој ќе ја збоупотреби вашата добрина. Секогаш се трудите да бидете фер и коректни кон секоја личност од вашето опкружување. Меѓутоа, некои луѓе нема да знаат да го ценат тоа, туку само ќе се обидат да ве искористат за да го добијат она што го сакаат.

Ќе сфатите дека ќе морате да поставите граница и да научите да кажете „Не“ за да се заштитите себеси.

Ако сонувате дека некој друг свири на тапан

Ако во сонот видите дека некој друг свири на тапан тоа укажува на каење. Најверојатно се каете поради нешто што не сте направиле или поради зборови кои не сте ги изговориле. Ако не сте задоволни од својот живот веројатно тоа е последица на лошите одлуки од минатото.

Меѓутоа, треба да знаете дека се уште не е доцна да промените некои нешта. Тргнете од себе – престанете да се навраќате назад. Планирајте го денес она што би сакале да го направите утре.

Ако купувате тапан

Доколку сонувате дека купувате тапан тоа значи дека поради среќата и благосостојбата на семејството или на некоја друга драга личност сте ги запоставиле сопствените желби, потреби и амбиции.

Можеби од детство сте мечтаеле да се занимавате со некаква креативна работа, да сликате, да пишувате, да се занимавате со музика, но поради финансиската сигурност на семејството, сте одлучиле да работите нешто што донесува поголема заработка.

Веројатно ви било тешко што сте морале да донесете таква одлука, но понекогаш размислувате за тоа како би ви изгледал животот кога би тргнале во сосема друга насока.

Посветете се на тоа како хоби, можеби еден ден ќе претставува значаен извор на приходи.

Ако продавате тапан

Кога сонувате дека продавате тапан тоа значи дека случајно ќе откриете тајна која ви ја доверила блиска личност. Во тој момент нема да сфатите што сте направиле, се до моментот кога не ја видите неговата/нејзината реакција.

Тој/таа нема да ви замери бидејќи ќе му/и биде сосема јасно дека не сте го сториле тоа бидејќи сте имале некоја лоша намера. Сепак, долго време ќе се „јадете“ поради својата непромисленост и невнимание и ќе се плашите дека тој/таа нема да има доверба во вас.

Ако подарите тапан

Доколку некому на сон подарите тапан тоа имплицира дека на време ќе сфатите дека во вашето опкружување има некоја личност која се обидува да ви ја загрози работата или односот со партнерот/партнерката.

Меѓутоа, нема да му го дозволите тоа, туку ќе употребите лукава тактика против непријателот. Покажете му дека избрал погрешна жртва и засекогаш ќе го снема од вашиот живот.

Ако добиете тапан на подарок

Сон во кој некој ви подарил тапан симболизира нервоза и лошо расположение. Сигурно имате добри причини поради тоа, но се трудите со своите проблеми да не ги оптоварувате лицата кои ве сакаат.

Сепак, морате да најдете начин од себе да ја отфрлите сета негативна енергија. Занимавајте се со спорт, фитнес, бокс или јога. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од црните мисли.

Ако украдете тапан

Ако на сон украдете тапан потсвеста ви препорачува дека е крајно време да престанете да мечтаете и да почнете да работите на остварување на вашите соништа. 

Се уште живеете во некои илузии, а никако да тргнете во реализација на плановите. Никој нема ништо да ви понуди на тацна, за многу нешта во животот морате да се потрудите сами.

Ако некој на сон ви украде тапан тоа значи дека треба да се откажете од некоја работа која нема иднина. Премногу време и труд сте вложиле во нешто што е далеку од исплатливо, а што е уште полошо, не ви донесува ниту материјално задоволство. Во моментот го немате луксузот да се занимавате со нешто што не ви донесува резултати. Подобро би било да се посветите на конструктивни нешта.

Ако сонувате тапанџија

Кога на сон ќе видите тапанџија тоа имплицира дека имате потреба за душевен мир. Поминувате низ бурен период кој еднакво лошо влијае и на вашето тело и на духот.

Покрај уморот и исцрпеноста често чувствувате и страв и паника дека нешто нема да успеете да завршите на време. Роковите ве притиснале и понекогаш ви се чини дека немате време ниту да дишете.

Количината на стресот која редовно ја чувствувате може негативно да се одрази на вашето здравје. Затоа морате да најдете начин да се опуштите.

Ако се расправате со тапанџија

Сон во кој се расправате со тапанџија предвидува непријатна средба со личност од соседството. Веројатно имате некои несогласувања околу реализација на плановите поврзани со зградата или улицата на која живеете.

Мислењата ќе ви бидат сосема спротивни, а со оглед на тоа дека и двајцата сте многу тврдоглави од тој разговор нема да излезат никакви конструктивни заклучоци.

За вас би било подобро да не присуствувате на состаноци на таа тема, бидејќи секогаш имате спротивно мислење од повеќето присутни.

Ако се тепате со тапанџија

Доколку на сон се тепате со тапанџија тоа значи дека имате добри идеи, но немате доволно пари да ги спроведете на дело. На вас е да одлучите дали ќе продолжите да штедите што повеќе за да можете еден ден да ги реализирате или да позајмите или земете кредит од банка

. Во текот на следниот возбудлив период ќе научите многу за себе, луѓето и работата.

Ако убиете тапанџија

Ако на сон убиете тапанџија тоа значи дека се плашите да ги откриете вашите вистински чувства кон некоја личност. Веројатно станува збор за некого кој долго време ви се допаѓа, но избегнувате да му/и признаете бидејќи се плашите дека тоа би можело да ви го загрози односот.

Мртов тапанџија е симбол на лоши вести. Веројатно нема да ви се допаднат информациите во врска со работата или со школувањето. Тоа би можело да ви ги расипе плановите за во иднина.

Толкувањето зависи и од видот на тапанот кој го сонувате.

Ако сонувате метален тапан тоа е симбол на метална сила, истрајност, и други особини за кои не сте свесни дека ги поседувате.

Дрвен тапан симболизира промена во ставовите и начините на размислување кои ќе ги доживеете во годините што следат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако тапан е инструментот на којшто свирите од хоби или професионално, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за тапан

Тапан е ударачки музички инструмент.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg