Тајна

Term Main definition
Тајна

Дознавање: ќе стекнеш добри пријатели; откривање: срам, мизерија; чување тајна: среќно ќе избегнеш опасност.

Што значи да сонувате тајна?

Ако сонувате дека имате тајна

Ако во сон имате тајна, тоа подразбира дека нешто криете. Можно е никому да не  сакате да му кажете што ве мачи. Луѓето блиски до вас забележуваат дека сте поинакви и би сакале да ви помогнат.

Сепак, вие нема никого да оптоварувате и ќе одлучите сами да го носите својот крст. Ќе бидете свесни дека тоа е потешкиот пат, но ќе сметате дека тој е единствениот правилен.

Ако сонувате дека сте дознале тајна

Доколку во сон дознаете тајна, тоа укажува дека ќе стекнете добри пријатели. Може да се случи да запознаете луѓе кои ќе ви одговараат во сè.

Едвај ќе чекате да ги видите и да разговарате со нив поради што старото друштво ќе се чувствува запоставено. Вие ќе се трудите да балансирате и да обрнете внимание на сите подеднакво.

Ако сонувате дека сте откриле тајна

Кога во сон откривате тајна, тоа означува срам. Вашиот јазик веројатно ќе биде побрз од умот, поради што ќе се каете.

Наивни сте и мислите дека другите луѓе се исто толку искрени како вас, но ќе увидите дека оние што се итри поминуваат подобро. Ќе се обидете да ја поправите грешката, но некои работи нема да бидат како порано.

Ако сонувате дека чувате тајна

Ако во сон чувате тајна, тоа значи дека среќно ќе избегнете опасност. Може да се случи некој да ви постави стапица, но вие вешто ќе реагирате и ќе се извлечете од неа.

Знаете дека сте опкружени со луѓе кои би сакале да знаат сè и кои претеруваат во многу работи правејќи слон од мува.

Ако сонувате дека сте заборавиле тајна

Доколку во сон заборавите тајна, тоа укажува дека се нервирате без причина. Можно е да сфаќате многу работи посериозно отколку што навистина се.

Честопати се преиспитувате дали сте кажале или сте направиле нешто погрешно, сакајќи никого да не оштетите или да не повредите. Тешко ви е кога ќе сфатите дека другите немаат обѕир и не се грижат за вашите чувства.

Ако сонувате дека сте довериле тајна

Кога во сон доверувате тајна, тоа подразбира дека некој пријатно ќе ве изненади. Ова е веројатно личност со која претходно не се согласувавте, но која многу ќе се  промени. Ќе увидите дека можете нормално да разговарате со него/неа и ќе одлучите да му/ѝ дадете втора шанса.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте имале, дознале, откриле, чувале, заборавиле или сте довериле тајна, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за тајна

Тајната е факт што им е познат на потесен круг луѓе.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg