Гилотина

Term Main definition
Гилотина

Ако видите гилотина во сонот тоа предупредува дека поради своите непромислености ќе изгубите пријател.

Што значи да сонувате гилотина?

Ако сонувате гилотина

Ако во сонот видите гилотина, тоа е предупредување дека поради глупост ќе изгубите пријател. Веројатно немате навика да внимавате на однесувањето кон луѓето коишто ги сметате за блиски, но во наредниот период ќе ги преминете сите граници, па не сите луѓе ќе можат да ве толерираат.

Ќе имате впечаток дека ги земате здраво за готово и дека доволно не ги цените туку некаде длабоко знаете дека кога-тогаш ќе ви простат.

Ако бидете на гилотина во сонот

Ако сонувате дека сте на гилотина во сонот тоа имплицира дека ќе доживеете непријатност. Можеби некому ќе му доверите ваша тајна после што многу луѓе ќе ја дознаат. Бидејќи не сте очекувале таков расплет на случувањата, нема да можете да верувате дека постојат такви лицемерни луѓе  кои до вчера лажно ви се претставувале и ви нуделе утеха и поддршка.

Ако видите некој друг на гилотина во сонот

Кога сонувате дека некој друг човек е на гилотина, тоа укажува дека ќе застанете во нечија одбрана. Можеби некоја личност од вашето окружување лажно ќе биде обвинета за нешто што не го направила. Со оглед на тоа дека не поднесувате неправда, ќе направите се за да ја извлечете од неволјата во којашто западнала.

Нема да се двоумите доколку во опасност ги ставите сопственото име и репутација кои со години сте ги граделе со цел да дојдете до вистината.

Ако сонувате дека чекате да ве погубат на гилотина

Овој сон значи дека ќе бидете обвинети за нешто што не сте го направиле. Можеби колегите на работа ќе ве обвинат дека сте направиле кардинална грешка или сте украле пари. Докажувањето на вашата невиност нема долго време да трае, но  ќе ви предизвика голем стрес.

Ќе се запрашате со какви луѓе работите и дали има смисла да одите на работа, ако доживувате секакви непријатности. Ако инаку си ја сакате работата немојте да дозволувате да се откажете поради нив. Едноставно, променете ја тактиката и со колегите комуницирајте само за работа.

Ако личноста која ја познавате чека погубување на гилотина

Доколку во вашиот сон партнерот или партнерката, пријателот или пријателката или некој член на семејството чека погубување на гилотина тоа имплицира дека ќе бидете сведок на некоја голема неправда. Веројатно ќе се најдете во прилика со други луѓе да ја одлучувате судбината на некој човек.

Поголемиот број на гласови ќе усвојат неповолно решение. Нема да можете на ниеден начин да ги убедите да ја променат одлуката. Долго време ќе ве гризе совеста и покрај тоа што сте свесни дека не сте можеле ништо да направите. Обидете се сами барем да ја минимизирате штетата којашто сте ја нанеле.

Ако сонувате дека непозната личност чека погубување на гилотина

Доколку на гилотина видите непозната личност тоа укажува на недоразбирања во врска со работата или домашните обврски. Можно е со партнерот/партнерката да се договорите нешто, но нема да ве разбере на вистинскиот начин, па важната работа ќе остане недовршена.

Со оглед на тоа дека имате многу обврски, ваквите нешта воопшто не се чудни. Сепак, почнете да запишувате кога што треба да направите, така ќе бидете сигурни дека ништо не сте пропуштиле.

Ако сонувате дека сте погубени на гилотина

Кога сонувате дека сте погубени на гилотина тоа е предупредување да посетите лекар. Веќе некое време чувствувате симптоми, а дијагнозата и лековите ги барате на интернет. Таквиот начин  не само што е несериозен туку и може да биде штетен по вашето здравје.

Започнете одговорно да се однесувате кон сопственото здравје и закажете преглед кај стручно лице. Се што ќе се открие на време може полесно да се излечи.

Ако сонувате дека некого кого го познавате е погубен на гилотина

Сонот во којшто гледате погубување на драга личност на гилотина симболизира грижа на совеста. Можеби неодамна сте се скарале или спречкале со личноста, а не сте се извиниле за своето однесување.

Кога некоја личност многу ви значи не пропуштајте прилика да го поправите својот однос. Понекогаш поради луѓето коишто ги сакаме мораме да прифатиме компромиси.

Ако сонувате дека сосема непозната личност е погубена на гилотина

Преку овој сон потсвеста ве предупредува дека сте станале претерано себични и самобендисани. Чувството за другите луѓе многу одамна го имате изгубено бидејќи многупати досега сте биле повредени. Затоа сте одлучиле себеси да се ставате на прво место и да не дозволите да страдате поради другите.

Колку и да има смисла оваа одлука, поради нејзе пропуштате и можности да бидете среќни. Ако потполно се затворите, имате многу мали шанси да ви се случи љубов, возбуда, радост и се она што другите луѓе го посакуваат.

Ако сонувате дека сте избегнале погубување на гилотина

Доколку сонувате дека сте се спасиле од погубување на гилотина можеби ќе доживеете понижување. Работодавецот, шефот или некој колега пред целиот колектив ќе ве обвини на шега дека сте неодговорни и лошо си ја работите работата. Првин ќе бидете посрамени, а подоцна и ќе се навредите до таа мера што ќе посакате да дадете отказ.

Колку и да ви е полесно да кажете отколку да направите, не смеете да дозволите ова да ви го разниша балансот. Вие добро знаете какви сте, што сте и кои сте. Тоа што некому суетата не му дозволува објективно да гледа на нештата, не е ваш проблем. Доколку веќе долго време не се чувствувате добро на работното место или не можете да напредувате, тогаш е време да побарате нова работа.

Ако сонувате дека некој друг избегнал погубување на гилотина

Кога сонувате дека некој друг кого го познавате избегнал гилотина во наредниот период ќе почувствувате олеснување и спокој за којшто долго време си мечтаете. Нештата едноставно ќе си „легнат“ на свое место па ќе можете да се опуштите и да се одморите. Наредниот период искористете го за да поминете повеќе време со оние коишто ги сакате.

Доколку, пак, сонувате дека непозната личност избегнала гилотина тоа значи дека ќе имате среќа во и успех во игрите на среќа. Ако никогаш досега не сте играле бинго, лото или кладилница, сега е вистинскиот момент да уплатите ливче. Можеби добивката нема да биде многу голема, но нема да знаете додека не уплатите.

Ако сонувате дека градите гилотина

Сонот во којшто градите гилотина симболизира потиснат без и незадоволство. Постои нешто во вашиот живот што ви предизвикува негативни чувства. Погрижете се за тоа што поскоро.

Ако сонувате дека уривате гилотина

Ваквиот сон значи дека ќе спречите драга личност да не направи некаква глупост. Веројатно некој ваш близок пријател ќе сака да вложи пари во нешто многу ризично и неисплатливо, а вие ќе успеете да го наговорите да се откаже од таквата одлука. Ќе ви биде благодарен до крајот на својот живот.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време на телевизија сте гледале или читале за гилотина, тоа сигурно ви оставило впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за гилотина

Гилотина е справа на која се спроведувале смртни казни со отсекување на главата на обвинетиот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg