Гавран

Term Main definition
Гавран

Мртов: направената неправда ќе ви биде исправена; ако слушнете гавран: ќе бидете одважен во наметната борба; да прелетува околу куќата: жални вести, смрт; ако го видите: среќа, радосни вести; ако го исплашите: кражба или измама; на кровот: од вас ќе зависи ситуацијата во домот.

Што значи да сонувате гавран?

Познато е мислењето дека соништата со гаврани симболизираат несреќа, неуспех или жалост. Меѓутоа, не мора да биде тоа така. Толкувањето на овие соништа зависи од контекстот во којшто се одвиваат, како и од деталите и чувствата што ги следат.

Во текот на овие соништа со мотив гавран можете да чувствувате грижа, страв, трепет или тешкотија, а поретко радост, олеснување и возбуда.

Ако сонувате гавран

Доколку во сонот видите гавран, тоа означува радосни вести. Може да се случи дека конечно ќе бидете поканети на разговор за работа за кој долго време сте аплицирале. Ќе дадете се од себе за да оставите добар прв впечаток бидејќи се работи за место во перспективна компанија каде што би можеле да стекнете значајно искуство и многу бргу да напредувате.

Ако сонувате мртов гавран

Ако во сонот видите мртов гавран тоа имплицира дека направената неправда ќе ви биде исправена. Можно е вашиот партнер, пријател или шеф да ве обвинил за нешто што не сте го направиле и со тоа ви нанел/нанела голема штета.

Сте знаеле дека набргу ќе сфати дека погрешил/погрешила, но нема да бидете сигурни дали ќе сакате да останете во контакт со некого кого многу малку го познавате и кому вашиот збор не му е доволен да ги отстрани сите сомнежи.

Ако слушнете гавран во сонот

Кога сонувате дека слушате гавран во сонот, тоа укажува дека ќе биде одважени во наметната борба. На потежок начин ќе согледате дека вистинските вредности за кои отсекогаш сте се залагале не се доволни за успех во светот во кој само најсилните опстануваат.

Затоа и вие ќе бидете приморани да соберете сила и да се заложите за своите цели доколку не сакате да им припаднат на другите.

Ако сонувате како гавраните летаат околу куќата

Ако сонувате дека гавраните ви летаат над куќата тоа симболизира жални вести. Веројатно, после тешка болест, подалечен член на семејството или познаник ќе замине од овој свет. Иако ништо не сте биле претерано блиски, ќе ги испочитувате сите обичаи и ќе му/и оддадете почит како што налага обичајот.

Ако се исплашите од гавранот во сон

Кога сонувате дека сте исплашиле гавран, тоа имплицира дека ќе откриете измама. Можеби ќе бидете на чекор пред договарање работа која за вашата фирма би донела голем профит, а вам бонуси и воодушевеност од останатите членови во фирмата со кои соработувате.

Меѓутоа, тоа ќе ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, па повторно ќе ја проучите секоја можна ставка и ќе дојдете до вистински информации за луѓето кои ви се претставувале како сериозни бизнисмени.

Ако сонувате гавран на кров

Ако сонувате гавран на кров укажува дека семејството зависи од вас. Вашиот ден трае 24 часа со кратки паузи во текот на кои ја користите приликата нешто да изедете или да отспиете. Може да се рече дека работата ја доживувате како одмор бидејќи дома мора да ги завршувате сите обврски вклучувајќи ја и грижата за членовите на семејството кои во вас ја гледаат најголемата поддршка и потпора.

Ако сонувате дека гавран ви лета над глава

Доколку гледате дека гавран ви надлетува над глава тоа знчи дека би требале почесто да го правите она што ве прави среќни. Навистина, во животот често мораме да го работиме она што не го сакаме, бидејќи тоа едноставно е така, но можеби повеќе слободно време би требале да посветите на она во што уживате.

Ако тоа е хоби како на пример шетање или трчање, потрудете се да ви стане секојдневие. Ќе бидете поисполнети и позадоволни од животот.

Ако сонувате јато гаврани

Сонот во кој гледате јато гаврани симболизира напредок во кариерата. Наскоро ќе добиете покачување на плата или напредување за кое долго време сте мечтаеле. Работодавецот ќе сфати колку му значи фактот дека сте во неговиот тим, па ќе се потруди да ви ги овозможи сите најдобри услови за работа.

Ако и вие самите сте задоволни од својата работа и третманот кој го имате во фирмата, сега веќе нема да ви падне напамет да барате друга работа.

Ако сонувате дека мавате гаврани со нешто

Ако во сонот со пушка или пиштол се обидувате да погодите гавран можеби сте ја изгубиле довербата во партнерот/партнерката. Веројатно направил или направила нешто што не ви се допаднало или донел/донела некоја одлука пред да се консултира со вас. Тоа значително ќе ви го разниша односот, но ако сакате да го/ја задржите до себе, немојте претерано да се лутите.

Ако видите ранет гавран

Доколку во сонот видите ранет гавран тоа значи дека ќе се најдете во опасност бидејќи сте наивни. Некој ќе се обиде со убави зборови да ве убеди да направите нешто што е во спротивност на вашите ставови, мислења и уверувања. Со оглед на тоа дека отсекогаш паѓате на слаткоречивост и овој пат ќе се доведете во исклучително непријатна положба. Време е да почнете да учите од сопствените грешки.

Ако видите пердуви на гавран

Кога во сонот ќе здогледате пердуви на гавран, но не и самата птица, тоа имплицира дека се сомневате во прилично блиска личност. Постои личност на која многу сте и се поверувале, бидејќи сте чувствувале дека никогаш нема да ве издаде. Меѓутоа, во последно време сте почнале да се сомневате во него/нејзе. Ако станува збор за пријател или пријателка од спротивниот пол, можеби се заљубил/заљубила во вас, но вие тоа се уште не сте го забележале.

Ако видите гавран со три очи

Ако во сонот гледате гавран со три очи тоа значи дека ви недостасува многу искуство и мудрост за да донесете исправни одлуки. Се уште не сте подготвени за наредната фаза од својот живот, па фактот дека се наоѓате на крстосница ви создава дополнителен притисок. Ова особено се однесува за младите луѓе кои сакаат да се осамостојат, оженат или омажат или да станат родители.

Ако сонувате дека разговарате со гавран

Иако редок, овој сон има врска со оздравувањето, според податоците на истражувањата. Доколку некој во семејството се наоѓа во лоша здравствена состојба, во наредниот период постои можност неговото или нејзиното здравје да се подобри значително. Исто важи и за познаници и за пријатели за чие здравје сте загрижени. Ако во сонот разговарате со гавранот, постои голема шанса дека ќе чуете добри вести.

Ако сонувате дека некој друг разговара со гавран

Доколку во сонот гледате и слушате како некој друг разговара со гавран тоа значи дека ќе се изненадите или шокирате од информациите кои ќе ги добиете, а се однесуваат на блиска личност. Можеби ќе дознаете дека близок пријател или пријателка има љубовник или љубовница па одлучил или одлучила да го остави долгогодишниот партнер.

Колку и да имате голема потреба да го кажете ова некому, потрудете се тајната да ја задржите за себе. Немојте да ширите трачеви бидејќи не ви сакале некој да „испере уста“ со вашите проблеми.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе гавран тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за гавран

Гавран е крупна црна птица од семејството Corvidae.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg