Глад

Term Main definition
Глад

Ако сте гладни во сонот значи дека ќе добиете на лотарија.

Што значи кога сонувате глад?

Ако сонувате дека сте гладни

Кога сонувате дека сте гладни тоа симболизира голема добивка. Можеби сте на почетокот на кариерата. Другите за вас велат дека впивате знаење како сунѓер и дека теоријата многу добро ја спроведувате во пракса. Нема да ви биде тешко да работите повеќе работи или да волонтирате за да изберете опција која ќе ви понуди најдобри можности.

Со оглед на тоа дека сте држељубива  сестрана личност ќе се потрудите да не запоставите ниту еден аспект од животот.

Друго значење е дека би требале да заминете на  лекар. Веројатно се обидувате да изгубите некој килограм применувајќи методи кои се најопасни по вашето здравје.

Ќе сакате за многу кратко време гладување да намалите неколку конфекциски броеви што ќе ви создаде контраефект и ќе ве врати во уште полоша состојба во однос на она тоа како сте изгледале на почетокот.

Ќе имате недостаток на енергија за секојдневните активности па сите ќе ве советуваат да посетите стручно лице кое ќе ви пропише здрав начин на живот.

Ако сонувате дека некој друг е гладен

Ако сонувате дека некој друг човек е гладен  тоа значи дека на оваа личност и е лошо. Со оглед на тоа дека се работи за личност која ја сакате ќе сторите се што е во ваша моќ за да ја извлечете од оваа ситуација.

Меѓутоа, вашите добри намери често нема да наидуваат на позитивен одговор па ќе си го согледате тоа и ќе сфатите дека без негова помош нема да можете ништо да направите.

Ако сонувате дека сте гладни, а не можете да пронајдете храна

Преку овој сон потсвеста ве предупредува дека поради гордоста ќе изгубите многу луѓе кои ви значат.  Поради својот цврст став и мислење често доаѓате до судир со другите, па пријателите избегнуваат да се дружат со вас. Се додека одите „со глава во ѕид“, луѓето од вашиот живот полека ќе ги снемува. Добро е да се држите до себе, но човек треба да има мера во се!

Ако сонувате дека сте гладни а некој не ви дава храна

Сонот во кој некој не ви дава храна укажува на финансиски проблеми. Веројатно во претходниот период сте потрошиле повеќе отколку што сте требале, па сега ви е тешко да ги паѓа да ги сервисирате редовните обврски. Ова ви е лекција да внимавајте како трошите, односно како располагате со месечниот буџет.

Од ова ви е јасно дека не сте подготвени да се осамостоите и сами да водите грижа за себеси и за своите трошоци.

Ако сонувате дека не можете да го задоволите гладот

Ако сонувате дека не  можете да се најадете тоа имплицира дека во блиска еднина ќе доживеете интересна средба со личност која е многу помлада од вас.

Разликата во годините нема да ве спречи да се заљубите и да посакате да бидете во врска. За жал, овие чувства  нема да бидат возвратени, па би можеле сериозно да се разочарате.

Ако сонувате дека штрајкувате со глад

Кога личноста која е во брак или во подолга врска сонувате дека штрајкува со глад тоа значи дека наскоро ќе се раздели од партнерот. Веројатно долго време нештата не функционираат, па е прашање кога тоа официјално ќе го соочите на светот.

Меѓутоа, кога личноста која не е во врска или во брак ваквиот сон значи дека се плаши дека е премногу захтевна за да може да ја пронајде личноста на својот живот. Меѓутоа, многу сте тешки за соработка, но бидете сигурни дека оној кој ќе ве засака ќе ве прифати како такви.

Ако сонувате дека други луѓе штрајкуваат со глад

Доколку во вашиот сон некој друг штрајкува со глад постои можност дека на јаве ќе ве издаде сакана личност. Партнерот или пријателката ќе ви направи нешто зад грб па ќе можете беспомошно да набљудувате настаните се одвиваат против ваша волја. Кога конечно ќе сфатите зошто нештата ви се случуваат вам, таа личност засекогаш ќе ја исфрлите од својот живот.

Ако сонувате дека сте умреле од глад

Ваквиот сон симболизира ваша навика да бегате од проблеми. Вие сте личност која често верува дека некои нешта ќе се решат сами од себе и дека нема потреба дополнително да се ангажирате. Многу често ваквиот став ви донесува проблеми со партнерот, а наместо да ги решавате со разговор вие се извлекувате и ја избегнувате темата.

Долгорочно гледано изговорот ви е дека едноставно сте си такви и дека вам нема да ви биде потребен друг аргумент да го оправдате своето несериозно однесување.

Ако сонувате дека некој друг умрел од глад

Ако сонувате дека некој друг умрел од глад тоа имплицира дека ве гризе совеста поради нешто што не сте го направиле. Можеби сте имале прилика некому да му помогнете, но сепак ништо не сте направиле. Подоцна веројатно сте се замислиле во негова/нејзина позиција и сте заклучиле дека сте направиле голема грешка. Уште не е доцна тоа да го исправите.

Ако сонувате дека храните гладни луѓе

Сонот во кој храните гладни луѓе укажува на тоа дека пријателот ќе ви помогне да се ослободите од големи грижи.  Досега ви било срам од некого да побарате помош или совет, но една личност ќе препознае дека сте во неволја, па ќе ви помогне да се извлечете од тоа.

Ако сонувате дека ве бркаат гладни луѓе

Ако во сонот ве бркаат гладни луѓе тоа значи дека на јаве ќе се соочите со големи проблеми. Можеби ќе мора да донесете некои радикални промени, кои од корен ќе ви го променат животот. Нема да ви биде лесно, но ќе знаете дека нема друг начин да се извлечете од тоа. Важно е во текот на оваа криза да останете присебни и да го задржите ведриот дух кој отсекогаш ве красел.

Ако сонувате гладни животни

Доколку во сонот видите гладни животни како на пример кучиња, мачки, кози, крави и други животни, тоа значи дека мразите неправда. Покрај сите лоши човечки особини најмногу ве погодува кога некој не си ја работи работата чесно, кога не се држи до своите ветувања и кога без потреба лаже и измислува.

Затоа понекогаш ви се чини дека сте требале да се родите во некое друго време во кое се ценеле други вредности. Веројатно станува збор за гени и за воспитување, така што од тоа не можете да побегнете колку и да се трудите да го промените тоа.

Ако сонувате дека храните гладни животни

Ако сонувате дека храните гладни животни тоа значи дека животот кога-тогаш ќе ве награди поради добрите дела кои сте ги направиле не барајќи ништо за возврат.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку во скоро време сте биле гладни, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Дефиниција за глад

Глад е чувство кое настанува во човечкиот организам поради недостаток на храна, а го следат чувство на малаксаност, вртоглавица, мачнина и слично.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg