Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Гоџи бери


Гоџи бобинки во сон значат дека конечно ќе обрнете повеќе внимание на сопственото здравје.

Грав

Ако видите грав во сонот значи дека ќе чуете добри вести, успех; ако јадете: болест, кавга, незадоволство; ако купите: слаба заработувачка; ако гледате на грав: избрзана одлука; фабрика: не очекувајте многу од соседите.

Град

Непознат град во сонот симболизира незадоволство од начинот на живот којшто го водите.

Градилиште

Бидете внимателни при големи зделки, потребна ви е љубов, но вие бегате од неа.

Градина

Посеана: напредок; изгазена: ќе имате штета поради некој друг; Стаклена: светла иднина во секој аспект од животот.

Градинар

Да се биде: ќе уживате во љубовта; Ако го гледате: доаѓа непријатност и досада, кавги со соседите.

Градите нешто

Ако градите нешто во вашиот сон тоа значи дека ве очекува подолго патување.

Градник

Ако сонува маж: некој од околината негативно влијае на вас; ако сонува жена: успех во друштво

Грамофон

Тешки облаци над љубовната  врска. Ако го видите: внимавајте на своето однесување; ако слушате музика на грамофонот: ве озборуваат.

Грамофонска плоча

Носталгија за некои минати времиња. 

Граната

Ако видите граната: опасноста ви е во близина, некому кому му верувате ве лаже; ако експлодира: ќе ве снајде несреќа, немојте да се доверувате на околината.

Граница

Ако преминувате граница: успех, никако не се откажувајте од своите способности; ако ја видите: не сте сигурни во своите намери.

Гранка

Ако видите гранка која се ниша во вашиот сон значи дека им се доверувате на пријатели во кои имате доверба.

Грашок

Ако берете: ќе си го проширите имотот; ако јадете: невино сте осудени, неоправдано некој ве озборува; ако садите: напредок во домаќинството; ако отворате конзерва: помали неприлики кои самите сте си ги направиле.

Грбава личност

Ако бидете грбав во сонот тоа значи дека ќе добиете поголема добивка на лотарија.

Гребло

Ако сонувате гребло тоа значи дека ќе си ги средите личните проблеми.

Греда

Ако сонувате греда тоа значи дека ве очекува некако товар, бреме.

Греење

Ако се греете во сон предупредува дека ве очекува болест во куќата.

Грижа

Грижа во сон: безгрижен живот на јаве.

Грмотевица

Ако слушнете: непријатни вести, тага; со молњи: неочекувано среќна средба; ако гледате: ќе се помирите со пријателот.

Грмушка

Може да се случи некому да позајмите пари, по што таа личност ќе се преправа дека не ве познава. 

Гроб

Гледање гроб во сон предупредува на губење во игрите на среќа, ќе слушнете лоши вести.

Гробишта

Ако видите: среќна старост, исполнување на желбите; ако шетате низ гробишта: лош брак, жалост, недостаток на самодоверба, имајте повеќе верба во своите способности.

Грозје

Ако берете: неочекувана разделба, солзи; ако мелете: ќе стекнете нови познанства; ако јадете: ќе имате повеќе љубовници/љубовнички, ново познанство, нова љубов, здравје, на шокот: чест; ако продавате: ќе изгубите еден пријател; суво: радосен социјален настан; ако јадете суво: повеќе ќе трошите отколку што ќе заработувате.

Гром

Удар на гром во сонот предупредува да се чувате од несреќа, жалост.

Громобран

Ја браните погрешната личност.

Грч

Ако имате грч во сонот тоа предупредува на неволји, тежок период во животот.

Губење невиност

Во сон предупредува дека ќе претрпиш голем срам.

Губите во карти

Вложувањето во ризични зделки ќе ви донесе повеќе штета отколку корист.

Гудало

После грижи следува задоволство и поволен период од животот.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg