Гроб

Term Main definition
Гроб

Гледање гроб во сон предупредува на губење во игрите на среќа, ќе слушнете лоши вести.

Што значи да сонувате гроб?

Ако во сон гледате гроб, тоа предупредува на загуба во игрите на среќа. Можно е да поверувате дека ќе се збогатате на тој начин, поради што ќе вложите пари што нема да можете да ги вратите.

Вие нема да можете да застанете, поради што ќе навлезете  во долгови и ќе се расправате со вашето семејство кое ќе бара објаснување.

Ако сонувате дека закопувате гроб

Доколку во сон закопувате гроб, тоа подразбира дека ќе измамите некого. Веројатно нема да бидете целосно искрени со деловен партнер или роднина кои ќе бараат свој дел.

Ќе сметате дека не сте направиле ништо страшно, но ќе заборавите дека без причина не се вели дека „во лагата се кратки нозете“, поради што вашиот углед ќе биде доведен во прашање.

Ако сонувате дека се наоѓате во гроб

Кога во сон се наоѓате во гроб, тоа симболизира недостиг на сила. Може да се случи да бидете летаргични во следниот период и да немате мотивација да станете од кревет.

Нема да обрнувате внимание на луѓето, ниту ќе учествувате во настани што ве засегаат, поради што многумина ќе се загрижат за вас.

Ако сонувате дека некој се наоѓа во гроб

Ако во сон некој се наоѓа во гроб, тоа означува смртен случај. Можно е да почине  некој подалечен роднина или познаник, а вие да бидете спречени да одите на погреб.

Ќе ви биде многу жал, но ќе замолите некој од домашните да отиде и да изрази сочувство во ваше име.

Ако сонувате дека некого откопувате од гроб

Кога во сон некого откопувате од гроб, тоа укажува дека ќе се расправате за работи од минатото. Веројатно ќе започнете тема што предизвикува конфликти помеѓу вас и блиска личност.

Вие нема да можете да му/ѝ простите и да ги заборавите грешките за кои веќе се покајал/а, што ќе има многу лошо влијание на вашиот однос.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, закопале или откопале гроб, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за гроб

Гробот е гробница во која се поставува мртовечки сандак.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg