Грмотевица

Term Main definition
Грмотевица

Ако слушнете: непријатни вести, тага; со молњи: неочекувано среќна средба; ако гледате: ќе се помирите со пријателот.

Што значи да сонувате грмежи/ грмотевици?

Толкувањето на ваквите соништа зависи од контекстот во којшто се одвиваат, како и од деталите и чувствата коишто ги следат. Со оглед на тоа дека на јаве никој не ужива да слуша грмежи, логично е дека ваквите соништа се проследени со страв, паника, тешкотија и слични негативни чувства.

Ако на пример бремена жена сонува грмежи тоа значи дека е загрижена или се плаши од породување, а неретко тој момент е навистина многу блиску. Таквите чувства се сосема нормални и природни, така што не е невообичаено жени да сонуваат соништа со вакво значење.

Важно е да се сетите дека болката за време на породувањето многу бргу се заборава, додека вашиот живот после тој настан ќе добие сосема нова и подобра смисла.

Ако сонувате дека слушате грмотевици

Ако во сонот слушате грмотевици тоа симболизира тага. Можно е во последно време да се чувствувате многу тажно и осамено и дури кога сте опкружени со голем број на луѓе. Немате со кого да разговарате за секојдневните случувања и сè повеќе ви се чини дека луѓето се отуѓиле и дека гледаат само за себе.

Таквото сознание ќе ви делува поразително, но во секој случај ќе се трудите да ја сочувате човечноста за да не станете како другите.

Ако сонувате грмотевици со молња

Кога сонувате грмотевици со молња, тоа имплицира дека ќе имате неочекувана средба. Веројатно ќе видите личност кон која некогаш сте негувале интензивни чувства, но и покрај тоа, не сте успеале да останете заедно.

Многупати сте замислувале што сте му рекле после толку време, но ќе се збуните од шок и ќе заборавите на сите текстови кои внимателно сте ги смислувале.

Ако сонувате дека гледате грмотевици

Ако сонувате дека гледате грмотевици тоа симболизира помирување со пријателот. Можно е во момент на бес еден од друг сте си кажале нешта кои не ги мислите, но кои ќе бараат одреден временски период за да бидат заборавени и простени.

Доколку добро размислите за вашето пријателство, ќе сфатите дека повеќе има убави моменти и искуства за кои вреди да се борите.

Ако сонувате дека снимате грмотевици

Доколку во сонот снимате грмотевици со молњи тоа укажува на подобрување на вашата емотивна ситуација. Односот со партнерот ќе се поправи кога конечно ќе одлучите да разговарате отворено. Ќе си кажете нешто за кое долго време молчите. Можеби тој разговор ќе биде болен и тежок, но после него нештата ќе станат полесни.

Од тој момент вашата перцепција за тој однос многу ќе се промени. Ќе одлучите да отворите ново поглавје во својата врска и да ја направите поквалитетна и подобра. Благодарение на љубовта која ја чувствувате еден кон друг, ќе ја совладате оваа криза.

Ако сонувате дека фотографирате грмотевици

Сонот во којшто фотографирате грмотевици со молња обично значи дека ќе преземе ризик за нешто врз себе. Доколку имате приватен бизнис или сте раководител во некоја фирма можно е дека во соработка со својот тим ќе донесете некоја одлука која не е сосема сигурна, но би можела да го подобри работењето.

Со оглед на тоа дека имате голема одговорност, ќе се потрудите сите евентуални лоши последици од таа одлука да ги сносите сами, за да не се грижат вашите колеги.

Ако сонувате грмотевици на телевизија

Ако гледате грмотевици на екранот е вид на сон чие толкување може да се пронајде во современите соновници, додека древните соновници не го познаваат. Ваквиот сон ја претставува вашата проекција на некоја ситуација која ја доживувате на јаве.

На пример, ако некој неодамна ве навредил, а не сте изреагирале на адекватен начин, можно е грмотевицата да биде предупредување од вашата потсвест дека следниот пат треба да постапите поинаку.

Ако сонувате дека ве разбудиле грмотевици

Ваквиот сон симболизира немир. Веројатно на јаве имате некаков проблем кој никако не можете да го решите, па сте го пренеле на сон. Иако се трудите опуштени да заминете на спиење овој пат не ви одело од рака. Можеби и во иднина ќе сонувате соништа со вакво или со слично значење, сè додека не најдете решение на вашиот проблем.

Ако сонуватe дека грмотевиците разбудиле некого, како на пример вашиот партнер или некој од домашните, тоа имплицира дека сте загрижени за него. Можеби крие од вас дека има некој свој проблем па не сака да се грижите.

Чувствувате дека нешто не е во ред и се обидувате да дознаете за што се работи, но тој/таа едноставно не сака да ви открие. Дајте му малку време да размисли за тоа и немојте претерано да инсистирате, бидејќи тоа може само да создаде контраефект.

Ако сонувате дека ве исплашиле грмотевици

Доколку сонувате дека ве исплашиле некои грмотевици тоа имплицира дека на јаве сте заборавиле да направите нешто многу важно. Веројатно се работи за некоја работна задача или обврска која сте ја изумиле поради брзање.

Сигурно сте се сетиле наредниот ден за што станува збор, па сте се потрудиле што побргу да ја исправите грешката. Не е чудно што ви се случило такво нешто со оглед на тоа дека имате многу обврски кои треба да ги завршите во текот на еден ден. Обидете се барем дел од обврските да ги пренесете на некого за не ви го загрози менталното и физичкото здравје нивото на стресот.

Сонот во којшто гледате како грмотевиците исплашиле некоја драга личност значи дека тој/таа ќе ве замоли за совет или за помош во врска со некој проблем. Ќе се потрудите да му/ѝ помогнете колку што можете, но што е поважно, ќе му покажете дека ја има вашата целосна поддршка која многу ќе му/ѝ значи во тешките моменти.

Ако сонувате дека се ежите од грмотевици

Ако сонувате дека грмотевиците ви создаваат морници тоа е знак дека ќе слушнете лоши вести. Можеби пријателот ќе ви соопшти дека има некој финансиски, деловен или пак здравствен проблем. Од друга страна, лошите вести можеби се однесуваат на член на семејството кој ќе има сериозен проблем. Обидете се да му/ѝ излезете во пресрет за да можете заедно да го победите овој проблем.

Ако сонувате дека некој друг се наежува од грмотевици

Кога сонувате дека некој друг се наежил од грмотевици тоа значи дека сте пречувствителни за туѓи проблеми. По природа сте емпатична личност и честопати ве растажуваат туѓите тажни животни приказни. Се трудите да им помагате на болните и на сиромашните, но сметате дека едноставно таквата помош не е доволна.

Би сакале на светот да владее правдина, да нема глад и сиромаштија, како и огромни разлики помеѓу богатите и сиромашните луѓе на светот. Меѓутоа, свесни сте дека такво нешто не е возможно, па затоа давате сè  од себе за да го ублажите тој јаз барем малку.

Значењето на овој сон може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте гледале или слушнале грмотевица, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за грмотевица

Грмотевица е метеоролошка појава која се состои од звуци кои настануваат покрај громови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg